Тригодишно дете спасено при пад од шести кат
31 јули 2019Реклама
Драма во кинескиот град Чунгкинг: тригодишно дете висело на балкон на шести кат и безуспешно се обидувало повторно да се качи. Присебни соседи и алармирани спасувачи развлекле кебе и го пречекале детето при падот. По прегледот во болница е констатирано - поминало без повреди. На радост на сите, а секако најмногу на бабата- таа го оставила момчето накратко само во станот за да отиде во продавница.