1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Тридневна жалост на Крим

СН/ агенции
18 октомври 2018

Во бруталниот напад во училиште на полуостровот Крим според последните официјални информации загинале 20 луѓе. Мотивот на ученикот-напаѓач во Керч и натаму е непознат.

Halbinsel Krim  Explosion in einer Schule
Фотографија: imago/ITAR-TASS/Y. Keizo

По масакрот во училиштето на Крим регионалната управа се сомнева дека напаѓачот имал помагачи. „Задачата е да се утврди кој го подготвил за ова злосторство“, изјави шефот на владата на Крим, Сергеј Аксјонов, на местото на злосторството во Керч. „Тука тој дејствувал сам...Но при подготовката, според моето и мислењето на моите колеги, овој подлец не можел да биде сам“, изјави Аксјонов.

Фотографија: imago/ITAR-TASS

Денеска утрината почина едно повредено девојче, јавија новинските агенции повикувајќи се на болнички извори. Со тоа бројот на загинати се искачи на 20. Меѓу загинатите има 11 малолетници, соопшти пак министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова. Таа додаде дека тинејџерите кои биле во критична состојба сега се стабилни.

Во нападот со ловечка пушка во колеџот во градот Керч повредени се уште 44 лица и сите се задржани во болница.

Според наводите на руските истражители, нападот го извршил 18-годишен ученик во колеџот кој пукал околу себе со пушка и детонирал најмалку една експлозивна направа. Тој во медиумите е опишан како срамежлив осаменик. Мотивот на напаѓачот, кој се самоубил на местото на злосторството, засега не е познат. На Крим е прогласена тридневна жалост.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми