270811 Libyen 2 Gaddafi
27 август 2011На Плоштадот на мачениците во Триполи се слушаат пукотници, но не од борби, туку од куршуми испукани во знак на радост. Трупите на Моамер ел-Гадафи се истерани од центарот, а бунтовниците го слават заземањето на главниот град:
„Ова е убав момент, тоа се доживува само еднаш во животот. На Гадафи му порачувам: доаѓаме да те истераме од твојата дупка“, вели еден од оние што слават.
Никој не знае каде е Гадафи. Според една од шпекулациите, тој би можел да се наоѓа во својот роден град Сирте, источно од Триполи. Во текот на вчерашниот ден (26.08.) приврзаниците на Гадафи се‘ уште водеа огорчени борби против бунтовниците, во периферните делови на Триполи.
Борбите оставаат траги - насекаде во земјата има уништени рафинерии за нафта. Бунтовниците претпоставуваат дека е тоа тактика на Гадафи - со тоа би требало да се спречи со приходите од продажбата на нафта да се финансира војната против него.
Во главниот град Триполи, пак, луѓето ги мачат други проблеми. Снабдувањето е се‘ полошо. Водата е запрена, а во текот на ноќта снема и струја. Многумина, кои беа во бегство, сега се враќаат. Триполи повторно добива на лик на град, иако животот уште долго нема да биде нормален.
Автор: Кристине Елзасер / Елизабета Милошевска Фиданоска
Редактор: Трајче Тосев