1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Три лица тешко повредени во пукотница во Берлин

СН/агенции
26 декември 2020

Заднината на крвавите настани во берлинската населба Кројцберг сè уште е нејасна. Но, насилните конфликти меѓу одделни групи или семејни кланови во Берлин не се ретка појава.

Berlin Schießerei in Kreuzberg
Фотографија: Paul Zinken/dpa/picture alliance

Во берлинскиот кварт Кројцберг, рано изутрината неколку лица беа повредени од огнено оружје. Противпожарната единица пријави три лица кои се тешко повредени и однесени во болниците во градот.

Спасувачките екипи и лекарите за итни случаи им дале итна помош на повредените, изјави портпаролот на против пожарната единица. 

Потрага по вмешаните во пукотницата

Бројни тешко вооружени полицајци на местото на инцидентот спроведоа потрага по вмешаните во пукотницата - како повредени лица, така и сторители.

Во акцијата беше вклучен и полициски хеликоптер за надзор на населбата.  На сцената на злосторството се пронајдени трите тешко повредени лица. 

Фотографија: Paul Zinken/dpa/picture alliance

Повеќе:

-Апсења поврзани со спектакуларниот грабеж во Дрезден

-Италијанска мафија, кланови и бајкери: Најголемите европски криминални банди

-Конфискуван имотот на криминален клан во Берлин

Друг повреден човек бил извлечен од блискиот канал Ландвер , кој имал повреда на ногата. Според полицијата, мажот самиот скокнал во вода.

Полицијата го исклучува политичкиот мотив

Полицијата првично не беше во можност да даде никакви конкретни информации за заднината на злосторството. Но, таа исклучи каков било политички мотив. Во Берлин постојано има вооружени инциденти одделни криминални групи или семејни кланови. Неодамна по пукањето врз еден  29-годишник, токму во населбата Кројцберг околу десет мажи извршија напад врз еден стан во приземје и автомобил.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми