1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Трнливиот пат на новинарите до правдата

ДТЗ /ДВ
11 декември 2020

Новинарот Горан Трпеноски во неизвесност го очекува судското рочиште за нападот врз Собранието од 27 април 2017 година. Откако судот отфрли две тужби на новинари, тие правдата ќе ја бараат и во Стразбур.

Mazedonien Erstürmung des Parlaments
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Grdanoski

Новинарот Горан Трпеноски на 3 февруари идната година треба да се појави на судско рочиште во Граѓанскиот суд во Скопје за тужбата поднесена против државата поради загрозената безбедносот и слобода на информирање за време на „крвавиот четврток“ од 27 април 2017 година. Тој во неизвесност и со стегнато срце го чека судскиот исход, по објавата дека судот ги одбил тужбите на две новинарки. Покрај битката која треба да ја води за да ја истера правдата пред судот, тој е исправен и пред еден „небулозен“ предизвик. По 19-годишна работа како собраниски известувач, треба да докажува дека е новинар и дека на 27 април во Собранието бил службено присутен за професионално да ја заврши својата работа, и покрај ризиците за неговиот живот. За судијката Јованка Спирова Панова е спорно што тој работел за портал, што не може да се смета за медиум. 

-повеќе на темата: Судење за 27 април: Кој подготвувал сендвичи за „крвавиот четврток“?

„Апсурдно е што по 19 години треба да му докажувам на судот дали сум новинар, кој ме испратил во Собрание, зошто сум бил таму, дали „Сакамдакажам“ е медиум или не. Медиумот во централниот регистар е заведен како дигитален весник, а не како портал“, вели Трпеноски. 

Трпеновски до судот има доставено 90 видеа и фотографии од „крвавиот четврток“Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Покрај сета потребна документација, со која што ќе го докажува своето новинарско искуство, Трпеноски до судот има доставено 90 видеа и фотографии, со кои е  „меморирано“ се она што се случуваше за време на „крвавиот чеврток“ зад вратите на парламентот. За него се уште е вознемирувачко сеќавањето на тој ден, не бледнеат сликите од крвавата глава на Зоран Заев и од тешките повреди со кои се здоби Зијадин Села. Уверен е дека новинарите тој ден имале клучна улога во текот на настаните и спречиле нивна ескалација. 

„Да не бевме ние таму, историјата ќе беше поинаква. Спречивме ескалација на настаните, најпрофесионално ја извршивме нашата работа. Дури на крај бев и во живиот штит, каде го бранев животот на политичарите, а сега се доведува во прашање дали сум новинар или не“, вели револтирано Трпеноски. 

Новинарите по вторпат жртви

Ваквата реакција на Трпеноски следи, откако Граѓанскиот суд Скопје ги одби тужбените барања на новинарките Наташа Стојановска и Душица Мрѓа за повреда на нивните права.
Новинарите најавуваат дека не се откажуваат од добивањето на правдата за „крвавиот четврток", ако треба и во судските инстанци во Eвропа.
„Новинарите кои бараа оштета од државата за настаните од 27 април 2017 година, кога се случи упадот во Собранието, по вторпат се жртви, но овојпат на судот. Со ваква реакција настапи Здружението на новинари на Македонија, оценувајќи ја пресудата како „срамна“ и најавувајќи дека за неа ќе бидат информирани сите меѓународни организации. 

-повеќе на темата: Две години од крвавиот упад во Собранието

„Јас на 27 април добив ќотек, бев повредена, омаловажувана, навредувана, спречена да си ја работам работата, но јас на 27 април ја искористив секоја можна прилика да известувам во живо за хаосот во Собранието. Затоа што јас сум пред се' новинар, а потоа дури човек чиј живот беше во опасност. Јас и моите колеги кои завршивме и самите со повреди, спречивме крвавиот четврток да заврши уште покрваво, со жртви. Јас ниту простувам, ниту заборавам, уште помалку се откажувам“, порача новинарката Душица Мрѓа на Фејсбук по веста за одлуката која ја донела судијката Антоанета Димовска. 

Нема докази за упад

Судот ја одбил тужбата од новинарите за 27 април бидејќи немале докази дека имало упад и немале телесни повреди. Од ЗНМ го посочуваат образложението на судот во пресудите, според кое новинарките не доставиле докази од кои може да се утврди дека на 27 април се случиле јавни демонстрации пред Собранието, иако во тужбата се доставени видеозаписи од случувањата.

-повеќе на темата: Упад во Собранието: Лавината тргна од УБК и Кабинетот на Иванов

Според новинарското здружение, фактот што судот не признава повреда на правото на слободата на изразување и бара од новинарите да докажат општо познати факти, дека имало упад во Собранието од страна на лица кои јавно демонстрирале на 27 април 2017 година е тенденциозен и претставува преседан. 
„Небулозно е тврдењето на судот дека новинарите немале право да бараат надомест на нематеријална штета за претрпени душевни болки и наведува дека двете немале телесни повреди. Скандалозен е фактот што судот не признава дека душевната болка, страв и траума кој биле доживеани од страна на присутните новинари е проблематично и притоа се имплицира дека немале телесни повреди тужителите“, наведуваат од ЗНМ.

Судот ја одбил тужбата од новинари за 27 април бидејќи немале докази дека имало упад во СобраниетоФотографија: picture-alliance/abaca/B. Ademi

Двојни стандарди

Според нив, оваа пресуда е пропуштена можност да се заштитат правата на новинарите и претставува уште еден доказ дека постојат двојни стандарди за судот кога се во прашање политичари и новинари. Тие посетуваат дека во случајот со групата политичари, Основното јавно обвинителство по службена должност покрена постапки и кривичниот суд осуди со затворски казни група на граѓани, а во случајот на новинарите самите беа оставени да покренуваат приватни тужби.
Следно е рочиштето на новинарот Горан Трпеноски, кога судот повторно ќе треба да донесе одлука за тужба поврзана со „крвавиот четврток“. Тој вели судот е исправен пред предизвик. Доколку исходот не биде позитивен во земјава, нема да се откаже. Правдата, како и неговите колеги, ќе ја побара пред судот во Стразбур. 

Кои пратеници помагаа во упадот во Собранието

03:00

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми