1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тролови од Македонија го билдаат рејтингот на Борисов

БГ
13 јануари 2021

Некој со врски во Македонија плаќа десетици илјади евра за да го фали Борисов на Фејсбук, пишува бугарскиот портал Офњуз. Интернет троловите од С. Македонија веќе беа активни при победата на Трамп во САД.

Bulgarien | Boyko Borissov und Krassimir Karakachanov
Фотографија: BGNES

Иако датумот за парламентарните избори во Бугарија се уште не е познат, а официјално не е започната ниту предизборната кампања, анонимни лица веќе потрошиле десетина илјади евра за да го воспеваат бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук, пишува истражувачкиот портал Офњуз (OFFNews).
Две Фејсбук страници за помалку од три месеци платиле точно 9.839 евра за реклама во полза на премиерот Бојко Борисов. Се работи за страниците „Vozhda" и „Zeitgeist България". Она што според бугарскиот портал е особено интересно во случајот е фактот што меѓу модераторите на овие страници се појавуваат и лица од Северна Македонија.
„Интересното е што меѓу модераторите на страниците има и Македонци. Изгледа дека зад двете страници стојат истите луѓе, а уште поверојатно е дека се работи за Пи-Ар агенција“, пишува Офњуз. 

-повеќе на темата: Снимките од спалната соба и тажната вистина за Бојко Борисов

Податоците за рекламерите се откриени преку Рекламната библиотека на Фејсбук на која од пред извесно време можат да се откријат сите детали за изборните, политичките или рекламите поврзани со национални прашања.
Страницата „Vozhda“ е создадена на 29 октомври минатата година, во Бугарија, но двајца од шестмината администратори се од Северна Македонија. Нивните имиња се непознати, а од страницата не одговориле на прашањата на Офњуз.

Страницата „Бермудски триаголник“, финансирана од вториот споменат рекламер „Zeitgeist България" исто така била активна во последните три месеци, а во неа, еден од четворицата модератори е од Северна Македонија.
Од владејачката ГЕРБ на премиерот Борисов за Офњуз изјавиле дека немаат ништо заедничко со двете Фејсбук страници и дека не плаќаат реклами на Фејсбук. 

-повеќе на темата: Лажните вести на македонските про-Трамп спамери во топ-10 на Фејсбук

Истражувањето на Офњуз натаму открива дека домејните за страниците и интернет-сајтовите на двата рекламери се купени во два последователни денови- 4 и 5 ноември минатата година- од иста фирма во САД, а сопствениците им се анонимни. Хостингот на двете страници бил во САД, а користеле шаблони на израелската компанија wix.com. Со оглед на тоа што ниту една од страниците не била регистрирана на Google Ads или на Google Analytics, од Офњуз заклучуваат дека целта не била тие да се развиваат, туку само да се искористат за регистрација на Фејсбук страниците.
„Тоа што меѓу модераторите на овие Фејсбук страници има такви со локации во Северна Македонија, е интригантно“, пишува Офњуз.
„Нашите соседи со години се познати како едни од најдобрите интернет тролови. Сајтовите со лажни вести создадени во градови во Северна Македонија, одиграа сериозна улога при изборот на Доналд Трамп за претседател, а неодамна Фејсбук блокираше неколку страници заради лажни медицински информации поврзани со коронавирусот, чиј извор беше во Северна Македонија“, пишува Офњуз.
Со оглед на пандемијата на коронавирусот, се очекува дека предизборната кампања  во Бугарија воглавно ќе се води на социјалните мрежи, односно на Фејсбук. Истражувањето на Офњуз е досега првиот индикатор дека во политичката битка би можеле да се вклучат и интернет троловите од Северна Македонија. 

Целиот текст во оригинал на следниот линк. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми