Тројката на средба со косовските Срби
12 август 2007Реклама
Со средба со косовските Срби, меѓународната посредничка тројка на Контакт денеска ја завршува посетата на регионот. Тројката по средбите со косовските власти, КФОР и УНМИК синоќа соопшти дека нема да ги изнесува своите предлози за идниот статус на Косово туку дека инсистира на консензус меѓу Приштина и Белград. “Дојдени сме да пронајдеме консензус. Разговорите во Белград и Приштина се почеток на новите преговори”, рече американскиот претставник Френк Визнер. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на Тројката им ја претстави нивната платформа, во која стои дека за независноста на Косово и територијалниот интегритет не може да се преговара”.