1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројца имунолози добитници на Нобеловата награда за медицина

3 октомври 2011

Нобеловата награда за медицина годинава оди во рацете на Брус Бојтлер (САД), Жил Хофман (Луксембург) и Ралф Стајнман (Канада).

Фотографија: picture alliance/dpa

Жил Хофман и Брус Бојтлер ја добиваат наградата за откривањето на вродениот имунитет, додека Ралф Стајнман е награден за откривањето на дендритските клетки кои го активираат имунолошкиот систем, соопшти институтот Каролинска во Стокхолм.

Брус Бојтлер (л.) и Жил ХофманФотографија: AP

„Овогодинешните добитници на Нобеловата награда го револуционаризираа нашето разбирање на имунолошкиот систем, со тоа што ги открија централните принципи на негово активирање“, се вели во образложението и се додава дека со своите истражувања тројцата научници го отвориле патот за нови терапии во борбата против инфекциите и ракот.

Ралф СтајнманФотографија: AP

Њујоршкиот универзитет Рокефелер, каде што работел Стајнман денеска објави дека тукушто именуваниот носител на Нобелова награда за медицина Стајнман, починал во петокот по долгогодишно боледување од рак на панкреас.

Највисокото признание во областа на медицината - Нобеловата награда, е дотирано со 1,1 милиони евра.

Прогласувањето на Нобеловците во сферата на медицината е почеток на објавувањето на имињата на добитниците на Нобеловите награди. Утре и задутре (04/05.10) ќе бидат објавени имињата на добитниците на наградите за физика и хемија, во четврток за литература, додека во петок ќе биде познато името на добитникот на Нобеловата награда за мир. Во понеделник (10.10), наредната недела, ќе се знае добитникот на Нобеловата награда за економски науки.

Сите добитници наградите ќе ги добијат на 10 декември, денот кога починал Алфред Нобел.

Автор: ЕМФ/дпа/афп

Редактор: А.Трајковска

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми