1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројца научници ја делат Нобеловата награда за медицина

Тим Крон (ард)/ А.Трајковска6 октомври 2014

Нобеловата награда за медицина ја добија Џон О'Киф од САД и Меј-Брит и Едвард Мосер од Норвешка. Тие открија како човекот знае каде се наоѓа и како стигнува од едно до друго место: со помош на ќелиите за координација.

Фотографија: GettyImages/Jonathan Nackstrand

Нобеловата награда за медицина 2014 година оди поеднакво во рацете на американскиот невролог Џон О'Киф и норвешкиот брачен пар Меј-Брит и Едвард Мосер.

Тие истражуваа како нашиот мозок успева просторно да се ориентира. Тројцата научници истражуваа кои неврони и кои ќелии во мозокот се одговорни за просторната ориентација. Од каде еден човек знае каде се наоѓа- и како тоа го знаат животните? Како мозокот тоа воопшто го забележува, како може да стигне од едно на друго место?

Внатрешен GPS

Нобеловиот комитет на Институтот Каролинска во Стокхолм говореше за еден внатрешен GPS, значи за еден вид навигатор во нашиот мозок. Тоа го пронајде брачниот пар Мосер од норвешкиот град Тронјам. Одговорни се т.н. координати-ќелии во мозокот "grid cells". Нивното откритие се смета за едно од најважните напредоци во неврологијата во ова столетие.

Невролозите од Норвешка во минатото тесно соработуваа со нивниот американски колега О'Киф. Тој со години се занимава со функцијата на помнење на мозокот. Работа, која е интересена и за истражувањето на болестите како на пример алцхајмер.

Заедничкото одликување на Меј-Брит и Едвард Мосер е невообичаено. И двајцата меѓу другото имаат студирано математика и психологија. Во историјата на доделувањето на Нобеловите награди има многу ретко награди за брачни парови кои заедно истражуваат. Меј- Брит истовремено е единаесетата жена во стогодишната историја на наградите која е одликувана со Нобеловата награда за медицина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми