1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трчање со кучиња за подобра форма

Аријане Гидел / Александар Методијев9 мај 2013

Нов тренд ја зафати Германија. Каникросот има се’ поголем број фанови во земјата. Станува збор за џогирање во кое кучето му помага на својот сопственик да развие поголема брзина и да остане во добра форма.

Фотографија: MEHR

Трчањето е нивниот спорт. Тие не се обични џогери. Тие се таканаречени каникросери. Тоа значи дека трчаат во природа заедно со нивното куче. Трендовскиот спорт веќе има многу фанови во Германија. Кучето го повлекува тркачот со специјален поводник, што него го прави многу брз.

„Со кучето може да се доживее нешто заеднички. Кучето ужива при трчањето, а јас трчајќи се забавувам“, вели каникросерот Ерик Залцборн.

„Човек при трчањето не мора да внимава само на себе, туку и на кучето, кое правилно трча, внимава и во овој случај ме влече мене“, вели каникросерката Ребека Нолда.

Каникросот настанал од трките со впрегнати кучињаФотографија: Jonathan Nackstrand/AFP/Getty Images

Каникросот настана од трките со впрегнати кучиња на санки. Херберт Тинес од пред 43 години работи со животни. Тој смета дека е добро, за да се биде фит, да се користат кучиња за време на трчањето.

„Кога кучињата ќе го постигнат вистинското темпо јас им велам забрзајте турбо и трчајте побрзо, бидејќи тие мислат само на тоа - нанапред да трчаат“, објаснува Херберт Тинес, тркач со впрегнати кучиња.

Може да се трча со секоја раса на куче. Сепак, кучињата треба да бидат високи најмалку 45 сантиметри.

„Исто како и секој спортист, секој тркач, така и кучињата мораат, како што велиме, да се изградат преку методологијата на обука од мали во големи“, вели Инго Бабел, тренер за каникрос.

Трчањето со куче ги одржува сопствениците во формаФотографија: AP

„На кучето му го ставив овој поводник со кој можев тука одзади да го прицврстам. Ова сега е мојот појас за колковите, кој го повлекувам толку високо за одзади да биде поставен на моите колкови. Тука напред имам алпинистички карабинер ако некако паднам надолу. Ова тука можам да го повлечам, по што се отвора и отпаѓа“, објаснува Ребека Нолда додека го мести својот појас, на кој го закачува поводникот за кучето.

Во 2002 година во Италија се одржа првиот светски натпревар во каникрос. 17 километри на час достигнаа врвните спортисти. Но, кучето со гаранција ќе го направи да биде во форма и оној кој побавно се движи. „Во секој случај претставува големо задоволство“, вели еден од вљубениците во овој спорт.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми