1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тукушто ги потрошивме ресурсите на Земјата за годинава

29 јули 2019

Заклучно со денеска човештвото ги потроши сите расположиви ресурси на Земјата како вода, почва и чист воздух за 2019 година. Годинава тоа се случува најрано откако се мерат ресурсите во последните 20 години.

Sicht der Erde aus dem All
Фотографија: Reuters/NASA

Доколку продолжи актуелното трошење на ресурсите, ќе бидат потребни 1,75 Земји за да се задоволат  потребите на човештвото годинава, покажува студијата на Глобалната мрежа Отпечаток која секоја година го одбележува Денот кога се надминуваат ресурсите на Земјата. Годинешниот датум кога се потрошени ресурсите е најраниот откако е започнато мерењето пред 20 години. Во последните 20 години тој се поместил за два месеци.
„Фактот што годинава Денот се случува на 29 јули значи дека човештвото во моментот ја користи природата за 1,75 пати побрзо одошто екосистемот на Планетата може да регенерира“, соопшти еколошката група со седиште во Калифорнија.
„Трошоците на ова глобално претерано еколошко трошење стануваат евидентни во форма на уништување на шумите, ерозија на почвата, загуба на биодиверзитет, и таложење на јаглерод диоксид во атмосферата. Последното води и кон климатски промени и зачестени екстремни временски настани“.

За споредба, во 1993 година, Денот беше одбележан на 21 октомври, во 2003 на 22 септември, а во 2017 на 2 август.

„Имаме само една Земја- тоа е дефинирачкиот контекст на човековото постоење. Не можеме да користиме 1,75 Земји без уништувачки последици“, изјави Матис Вакернагел, основач на еколошката мрежа.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми