1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турбуленции во СПД

Сабине Кинкарц8 септември 2008

Германските социјалдемократи во денови на пресврт - денес претседателството на СПД расправа за идниот партиски лидер, откако вчера (07.08.2008), на изненадување на сите, од функцијата се збогуваше Курт Бек.

Курт Бек (напред) си заминаФотографија: AP

Денот што требаше да биде мирен и на кој врвот на СПД требаше да разговара за рамковната програма за изборите што треба да се одржат во 2009-та, се претвори во турбулентен. „Денот денес мина поинаку отколку што планиравме. Беше тежок ден за сите нас. Курт Бек на денешната седница соопшти дека не е веќе на располагање за функцијата претседател на партијата. Сите бевме изненадени и шокирани“, изјави министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер доцна попладнето пред собраните новинари, кои од изутрината беа сведоци на збунувачката игра околу персоналните решенија во СПД и кои пред се‘ се прашуваа зошто Бек толку изненадувачки ја предаде лидерската палка: „Курт Бек на седницата соопшти дека со месеци стои на ставот дека јас треба да ја преземам кандидатурата за канцелар. Бевме единствени во тоа дека сега е созреано времето за тоа да се донесе одлука“, изјави Штајнмаер.

Претежок товар

Но, Бек очигледно, истовремено се‘ повеќе бил притиснат од бремето на немање успех. 59 годишниот премиер на покраината Рајнланд Пфалц, на седницата рекол дека во медиумите против него се водела кампања. Клаас Хибнер, заменик претседател на пратеничката група на социјалдемократите, за Бек рече: „Тој ја држеше партијата заедно во една тешка фаза. Врз себе привлече голем број од стрелите, се презентираше како штит на партијата. Медиумите не беа особено пријателски настроени кон него, и мислам дека, во таков случај, секој емоционално доаѓа до точка кога ќе рече - сега е крај.“

Франц Минтеферинг е подготвен да се врати на чело на партијатаФотографија: AP

Минтеферинг е „вистинскиот џокер“

Сега на местото на Бек треба да дојде повторно Франц Минтеферинг. 68 годишниот Минтеферинг неодамна се повлече од јавната политичка сцена поради болеста на неговата сопруга, која почина од рак.

„Франц Минтеферинг е отелотворение на социјалдемократија која е полна со самодоверба и која е подготвена на борба. Верувам дека како никој друг е соодветен човек за обединување на партијата и за успешно вклучување во изборната кампања, со мене заедно. Тој е на тоа подготвен.“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми