Туристите бараат евтино сместување - Њујорк се жали на милионски загуби
18 октомври 2014Душек на пумпање наместо удобен кревет. Тоа беше идејата на американското стартап претпријатие „Ербнб“ („Airbnb“).
Њујорк на пример е интересен и скап град. Не е ни чудо што многумина гости порадо изнајмуваат место за престој кај приватни лица, отколку да уплатат хотелска соба. Онлајн-порталот „Airbnb“ од 2008 година преку интерент помага токму во потрагата по такви приватни сместувалишта и за тоа наплатува такса. Многу успешна идеја во целиот свет. Од „Airbnb“ во меѓувреме стравуваат и етаблирани хотелски синџири.
Државното обвинителство во Њујорк меѓутоа сега презема драстични мерки против фирмата. Градот Њујорк смета дека две третини од посредувањата биле нелегални. Значи не биле приватни, туку тоа биле понуди на комерцијални изнајмувачи. Преку комерцијална злоупотреба на платфорамата градот изгубил околу 26 милиони евра од даноци.
Вредноста на „Airbnb“, кој сѐ уште не е на берзата, од фирмите кои учествуваат се проценува на 10 милијарди долари. Хотелскиот гигант „Виндам“ има берзанска вредност од 9,4 милијарди, додека хотелите „Хајат“ 8,4 милијарди.
Основачот на фирмата Брајан Чески ги отфрла обвинувањата од Њујорк. Хотелското лоби сакало да спречи, „Airbnb“ долгорочно да се етаблира како конкурент. Превентивно, фирмата меѓутоа и покрај тоа од својата страница исфрли 2000 понуди од Њујорк.