Турк победник на претседателските избори во Словенија
12 ноември 2007Реклама
Данило Турк е победник на претседателските избори во Словенија. 55 годишниот Турк, кој доаѓа од редовите на социјалдемократите со освоени 68% од гласовите убедливо го совлада противкандидатот Лојзе Петерле кој доби околу 32% гласови. Новиот словенечки претседател ќе ја преземе функцијата на 23 декември, една недела пред Словенија да го преземе претседателството со ЕУ.