1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турската полиција уапсила повеќемина менаџери на рудникот во Сома

АТ/ афп/ртр18 мај 2014

Пет денови по најтешката рударска несреќа во Турција полицијата уапсила повеќемина одговорни од раководството на рудникот. До вчера се тврдеше дека претпријатието управител со рудникот ги исполнило сите стандарди.

Фотографија: Reuters

Локалните медиуми информираат дека биле уапсени вкупно 18 лица, меѓу кои и повеќемина менаџери на рудникот. Тие се сомничат за небрежност. Апсењето е изненадување, бидејќи владата во Анкара вчера јавно потврди дека фирмата која раководела со рудникот се придржувала до сите безбедносни мерки.

Во несреќата што се случи во вторникот загинаа 301 рудари. Вчера беше завршена потрагата по загинатите. За причините за рударската несреќа сѐ уште нема конкретни податоци. Весникот „Милијет“ се повикува на првичниот извештај на истражните органи, во кој биле наведени многубројни безбедносни недостатоци во рудникот. Така на пример се вели дека биле инсталирани премалку противпожарни аларми. Алп Гуркан, раководител на рудникот во 2012 година се фалеше дека трошоците за производство ги намалил од 130 долари на 24 долари за еден тон јаглен. Дали и тој е еден од уапсените, засега е непознато.

Во меѓувреме не запира гневот на населението од Сома за владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тие му префрлуваат на Ердоган дека тој се обидел да ги намали димензиите на катастрофата и меѓу другото изјави дека рударските несреќи не можеле да се избегант. Потоа, не само на местото на несреќата туку и во други турски градови дојде до протести, кои полицијата ги разби со солзавец и водени топови.

Вчера во Сома привремено беа уапсени повеќе од 30 граѓани. Меѓу уапсените беа и осум адвокати, кои сакале да ги советуваат роднините на жртвите. Според податоците на здружението на адвокати ЦХС некои од нив биле тепани и повредени. Уапсените се товарат дека и покрај забраната за собирање сакале да дадат јавна изјава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми