1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турските заложници на ИД повторно на слобода

АТ/ ард20 септември 2014

По над три месеци во рацете на терористичките милиции од Исламска држава, 49 турски заложници се повторно на слобода. Ова го објави турскиот премиер Ахмед Давутоглу при посетата на главниот град на Азербејџан, Баку.

Фотографија: picture-alliance/AA

Групата од рано утрото е повторно на слобода и веќе пристигна во Турција, рече премиерот. „Споделувам радосна вест, на која чекаше нашата нација. Во раните утрински часови ни беа предадени нашите сограѓани и ги донесовме назад во нашата земја“. Ослободувањето било резултат на „повеќенеделна тешка работа“, изјави Давутоглу.

Тој не соопшти детали за ослободувањето. Давутоглу само кажа дека турските тајни служби упсеале да ги ослободат заложниците, но дека немало „целни операции“ со специјални сили. Исто така не е познато дали бил платен откуп. Со ослободувањето заврши најтешката заложничка криза во поновата историја на Турција без пролевање крв.

Меѓу заложниците имаше дипломати, членови на нивните семејства како и членови на турските специјални единици. Според податоци на турскиот вицепремиер Булент Аринч станува збор за 46 Турци и тројца ирачки соработници.

Грабнати пред три месеци

Турците беа упасени на 11. јуни при борбите околку ирачкиот град Мосул, откако терористите навлегоа во турскиот конзулат. Давутоглу пред турските новинари информираше дека ќе ја скрати посетата на Азербејџан поради веста за ослободување на заложниците. Тој најави дека ќе се сретне со ослободените во провинцијата Шанлијурфа на турско-сириската граница.

Поради киднапираните сонародници, НАТО-членката Турција досега беше воздржана во борбата против ИД. Сојузникот САД прави напори за широка алијанса против млилициите. Исламската држава контролира големи делови од Сирија и Ирак, земји кои се граничат со Турција. Досега екстремистите обезглавија двајца американски новинари како и еден британски соработник за развојна помош.

Околу 45.000 Курди пребегаа во Турција

Во меѓувреме поради последните борби на северот на Сирија според официјални наводи од Анкара побегнаа околу 45.000 Курди во Турција. Овие луѓе во Турција дошле преку осум различни пунктови на турско-сириската граница, изјави турскиот - вице премиер Нуман Куртулус. Последниот бран бегалци е предизвикан од офанзивата на ИД во курдскиот град Аин ал Араб, недалеку од границата со Турција. Таму исламистите водеа борби со курдските милиции и според активистите за два дена запоседнале 60 околни села. По протестите Анкара беше принудена вчера да пропушти илјадници луѓе преку границите. Турската влада истакна дека се работи за исклучок поради борбите во Сирија. Од почетокот на сириската граѓанска војна пред трииопол години досега речиси 1,5 милиони луѓе побегнаа во Турција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми