1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турски авиони ги бомбардираа Курдите во Ирак

18 август 2011

Турски воени авиони извршија напад врз 60 цели-позиции на курдски бунтовници во северниот дел на Ирак во рамки на успешната операција во текот на изминатата ноќ, соопшти Генералштабот на турската армија.

Militäreinsatz der türkischen Armee an der irakischen Grenze
Хеликоптер на турската воена авијација во акција во северен ИракФотографија: AP

Во соопштението се наведува дека турската артилерија извршила напади врз 168 цели во регионот пред воздушната операција, која била преземена откако бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) поставија заседа на турски воен конвој во југоисточниот дел на Турција и убија 12 припадници на силите за безбедност.
Армијата планира да продолжи со нападите врз бунтовниците се додека тие не бидат онеспособени.

Турски трупи во патрола во југоисточниот дел на земјатаФотографија: picture alliance/dpa

Претходно ПКК објави дека ја презема одговорноста за убиството на најмалку 11 турски војници и на еден припадник на безбедносна агенција.
„Нашите сили извршија напад од заседа врз турската погранична војска. Во
судирот загинаа неколку турски војници“, изјави за агенцијата Франс прес портпаролот на ПКК, Долдар Хамо.

Автор: ЖА/АТ/дв/мф

Редактор: СИме Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми