1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Турски политичар поврзан со боксерска банда во Германија

Чејс Винтер
25 декември 2017

Истражен извештај ја поврзува Анкара со боксерска банда во Германија, обвинета за следење противници на турската влада. Извештајот поврзува пратеник близок до турскиот претседател Ердоган со насилни криминални активности

Türkische Rocker Osmanen in Frankfurt
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Турски парламентарец обезбедувал парични средства за боксерска банда во Германија, за набавка на оружје, организирање протести и следење на противници на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија неодамна германските медиуми.

Метин Кулунк, член на владејачката АКП и близок човек на Ердоган, директно и индиректно обезбедувал пари за турската националистичка Osmanen Germania, според истражувањата на Фронтал 21, истражувачка информативна програма на вториот јавен сервис ЦДФ и според дневникот Штутгартер нахрихтен.

Истражувањето било базирано на следењето на бандата и снимки од телефонски разговори направени од германската полиција, до кои стигнала редакцијата.

Тие укажуваат на релација меѓу Osmanen Germania и Кулунк, како и на турската тајна служба МИТ, на европското лоби на АКП и лично Ердоган.

Osmanen Germania се претставуваат како боксерски клуб и „братство", но властите долго ги сомничеле за инволвираност во криминални дејствија и насилство. Се проценува дека имаат 20 ограноци и околу 2.500 членови во Германија.

Еден од главните контакти на Кулунк бил Мехмет Бакчи, поранешниот челник на Osmanen Germania, кој беше во предистражен притвор во Германија од 2016-та година. Друга клучна фигура бил потпретседателот на бандата, Селчук Сахин, кој исто така е приведен.

Според полициската истрага Osmanen Germania била инструирана од страна на Кулунк да следи Курди и критичари на Ердоган кои живеат во Германија. Тој исто така наводно организирал протести против минатогодишната резолуција за геноцидот во Ерменија донесена од германскиот парламент.

Следење на Курдите

Прислушувани разговори индицираат дека Кулунк ги инструирал Турците во Германија да „ги удираат Курдите со стапови по глава", да го снимаат чинот и да ги достават снимките до турската држава за да ги користи како "заплашување" на критичарите на Ердоган.

Бакчи се фалел со "многу добри контакти" кои можеле да го поврзат со тајната служба МИТ и дека неговите луѓе можеле да се погрижат за "онаа ПКК работа", алудирајќи на Курдската работничка партија.

Таа "ПКК работа" беше демонстрација на Курдите во Штутгарт од април 2016-та која доведе до масовен судир меѓу Турци и Курди и околу 50 повредени германски полицајци.

Турска банда слична на германски моторциклистички бандиФотографија: picture alliance/dpa/P. Zinken

Протести, оружје и казни

Во јуни 2016-та специјалисти од хамбуршката криминалистичка служба го опсервирале Кулунк како лично му предал на Бакчи два плика во Берлин. Се верува дека пликовите биле полни пари.

Моменти подоцна Кулунк му се јавил на Ердоган и организирал протест против резолуцијата на германскиот парламент за Ерменците. Osmanen Germania беше учесник во протестите.

Истрагата на полицијата сугерира дека Osmanen Germania има контакти со Унијата на европските турски демократи, екстерната лоби група на АКП.

Во еден прислушуван телефонски разговор, Кулунк барал од поранешната Унија на европските турски демократи во Манхајм, Јилмаз Илкај Арин, да ги натера Osmanen Germania да го казнат комичарот Јан Бемерман за неговата контроверзна поема во која го критикува Ердоган.

Бемерман бил предупреден, ставен под полициска заштита и минал неколку недели надвор од Германија.

Во други телефонски разговори со Турци кои живеат во Германија, Арин ги охрабрува да се вооружат и рекол дека тој би можел да овозможи „чисто" оружје. Полициската истрага исто покажала дека Бакчи во јуни 2016-та нарачал 10 огнени оружја од Србин кој живеел во Германија.

Истражувачката сторија расветлува дека „долгата рака на Ердоган не исчезнала во Германија", како што изјави ко-претседателот на Зелените, Чем Ездемир.

Германските истражни власти во повеќе сојузни покраини интензивно ја мониторираат Osmanen Germania.

Критичарите на Турција и про-курдски организации „се предмет на заканите на Osmanen Germania", вели за ЦДФ Буркхард Фрајер, челникот на Службата за заштита на уставниот поредок од Северна Рајна Вестфалија. „Кога се работи за спорови, тие не се воздржуваат од насилство".

Повеќе на темата: 

Како Турција шпионира во Германија

Се заканува ли сега курдски егзодус од Турција?

„Фиктивни извештаи“

Кулунк не одговорил на барањата на германските медиуми за коментар, но во серија твитови тој се осврна на „фиктивни извештаи" и закани против Турците кои живеат во Европа. Исто така осуди закани и репресии против организациите од „граѓанското општество" во Германија.

„Секој ја знае отворената и тајната поддршка на Германија за ПКК и ФЕТО. Медиумските активности на германската држава упорно се трудат да ме таргетираат мене и организациите од турското граѓанско општество за да ја прикријат поддршката за терористички групи", пиша тој во еден од 16-те твитови за обвинувањата. ФЕТО се однесува на движењето предводено од Фетула Ѓулен кого Анкара го обвинува за минатогодишниот пропаднат пуч.

Унијата на европските турски демократи го осуди истражувањето на Фронтал 21 и Штутгартер нахрихтен и рече дека не ја рефлектира вистината и придонесува за „уништување на имиџот".

„Ние програмата ја гледаме како дел од кампањата да се дискредитира Унијата на европски турски демократи и законски да се маргинализира критичкиот глас на турската заедница", се вели во соопштението на Унијата на турските демократи.

Osmanen Germania на својата Фејсбук страница повеќепати ги отфрли обвинувањата на медиумите против групата. Велат дека приведените луѓе како Бакчи не се членови, дека групата веќе нема претседател или потпретседател и дека поминала низ реконструирање.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми