1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Турците „задолжени“ да ја фалат воената операција во Сирија?

Баклан Кулаксизоглу
6 февруари 2018

Во Турција се апсат луѓе кои ја критикуваат турската воена офанзива во Африн во Сирија, но во визирот на владата и самонаречените „државни чувари“ се и оние кои не постираат ништо за неа на социјалните мрежи.

Türkei Grenze Syrien Aufmarsch Afrin Operation Olivenzweig
Фотографија: picture-alliance/abaca/E. Turkoglu

Во емисија на телевизија блиска до владата, водителите минатата недела со камера во живо ги „прочешлуваа“ акаунтите на познати луѓе на социјалните мрежи. Оние, кои немаат постирано ништо за  турската воена офанзива во северна Сирија,  ги етикетираа како „славни личности кои не ја поддржуваат воената операција во Африн“. На натамошна критика не требаше долго да се чека.

Во Турција сега под притисок се ставаат и луѓе кои на социјалните медиуми генерално се воздржуваат од политички изјави. На пример, познатата актерка Гупсе Озај, која на Твитер пишува претежно на културни теми, нема постирано ништо за северна Сирија. Но, кога неодамна на Твитер спонтано изрази сочувство за жртвите од земјотресот во Алјаска, стана цел на напади: „Наместо да напише нешто за Африн, твита за Алјаска“.

„Живееме во чувствителни времиња. Реакциите се очекувани“, изјави Озај и го избриша својот твит.

Турција не сака критики на воената операција „Маслиново гранче“ во АфринФотографија: picture-alliance/abaca/AA/N. Nour Alkasem

„Други ни диктираат што треба да пишуваме“

Музичарот Халук Левент преку својот Твитер -профил претежно споделува информации за хуманитарната организација АХБАП, чиј претседател е самиот. Кога на Твитер изрази сочувство за загинатите турски војници во Африн, беше критикуван што не напишал ништо за убиените од сојузничката Слободна сириска армија. „Стигнавме до точка кога во наше име се носат одлуки и ни се диктира што треба да пишуваме“, вели музичарот.

Неодамна еден радио-модератор изјави: „Оној кој ќе каже нешто против воената операција, сеедно дали е новинар или пратеник, треба да биде стрелан!“. Изјавите од ваков вид јасно го отсликуваат развојот на расположението во општеството.  

Во книгата под наслов: „Режимот на линчување во Турција“, објавена уште во 2008. година, социологот Танил Бора резимира: во изминатите десет години се засилува тенденцијата на критика и на потиснување на неистомислениците. Во декември лани владата по итна постапка го усвои декретот 696, според кој цивилите кои се спротиставија на воениот пуч, вклучувајќи и употреба на сила, не подлежат на кривична одговорност. „Настрана од правната интерпретација, ова претставува опасен развој за општеството. На луѓето, склони да вршат такви нешта, ова им дава чувство на опуштеност“, вели Бора.

Членот 121 од спорниот декрет предвидува: „Луѓето кои беа активни во спречувањето на обидот за пуч на 15. јули 2016. година, на терористичките дела, нема да бидат казнувани, без оглед дали биле во официјална служба или не.“

Лидерот на ЦХП Кемал Киличдароглу ја обвинува владата за гонење на неистомисленицитеФотографија: picture-alliance/abaca/E. Aydin

Нема демократија без слобода на мислење

Најголемата турска опозициона партија, ЦХП, за растечката репресивна атмосфера во земјата ја смета одговорна владата. Лидерот на ЦХП Кемал Киличдароглу обвинува дека се врши притисок врз оние кои имаат поинакво мислење од владата за воената операција во Африн, а оние кои се против војна, бидуваат апсени. „Ако во една земја нема слобода на мислење, тогаш тука нема демократија“, рече Киличдароглу.

Танил Бора смета дека менталитетот на задушување на неистомислениците не се ограничува само на воената операција во Африн, туку е сѐ повидлив и во секојдневието. „Токму во тоа се огледа опасноста, но нормализацијата на овој менталитет. Тоа води кон градација.“

Но, што се крие зад овој менталитет? Чувството на поддршка од владата и властродршците? Убедувањето дека некој има право да се вмешува во животот на другите, пропишувајќи им што да пишуваат и што да мислат? 

Повеќе на темата: 

Африн: Живот во смртен страв

Двоен удар - Ердоган во војна против Курдите и новинарите

Што да се преземе против контролата на мислата?

„Сознанието дека владата стои во нечија заштита, сосем независно од кривичната одговорност, е значаен фактор“, истакнува Бора. Социологот притоа предупредува од воопштувања и паушални анализи, зашто тие не се далеку од менталитетот кој го критикуваат.

Но, како треба да реагираат оние кои се ставени под притисок? Танил Бора има три препораки: „Да се биде свесен дека тоа го оддалечува општеството од цивилизираност. Да не се дозволи тоа да стане нормална појава. А првиот и наједноставен чекор: во никој случај да не се презема јазикот и начинот на постапување на контролорите на мислењето.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми