1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција в недела гласа на клучни избори

Седа Сердар/бг30 октомври 2015

Изборите на 1. ноември ќе бидат од клучно значење за иднината на Турција. Последните анкети укажуваат дека повторно ќе биде потребна коалициска влада

Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Откако на последните парламентарни избори, владејачката АКП не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство, какво што уживаше во последните 13 години, партијата се надева дека тоа ќе го стори на изборите в недела. Но, последните анкети покажуваат дека исходот на овие избори нема да биде многу поразличен од оние одржани на 7 јуни годинава.
На тие избори, АКП доби 40,6 отсто од гласовите, Републиканската народна партија (ЦХП) 25,1; Националистичкото движење 16,4 и прокурдската Народна демократска партија (ХДП)- 12,9 проценти. Според анкетите, сличен однос на силите се очекува и на овие избори. Се очекува дека ХДП повторно ќе го мине изборниот праг од 10 проценти, па АКП ќе мора да размислува за коалиција.

Трети избори веќе на видикот

Но, како што и претходниот случај илустрираше, АКП не е подготвена да прифати коалиција. Затоа, партијата веќе крои планови и за трет изборен циклус, доколку резултатите не и одговараат.
Неделава, потпретседателот на АКП Мехмет Али Сахин изјави дека доколку резултатите бидат слични на оние од 7 јуни, можат да се очекуваат нови избори. Изјавата предизвика жестоки реакции меѓу опозициските партии, па и премиерот Ахмет Давутоглу мораше да ја демантира.

Предизборна атмосфера во ТурцијаФотографија: DW/D. Heinrich

Нова партија?

Не е само опозицијата незадоволна од претседателот Ердоган и од неговата партија, туку и некои од основачите на АКП. Поранешниот претседател Абдула Ѓул, кој еден од четворицата основачи на АКП, одблизу го следи изборниот процес, а се шпекулира и со можноста дека тој би можел да застане на чело на нова партија формирана од разочарани членови на владејачката структура.
Раѓањето на таа партија зависи од резултатите од изборите. Доколку АКП добие помалку гласови отколку на последните избори, и доколку претседателот Ердоган продолжи со својата политика на креирање поделби во општеството, новата партија набргу би можела да стане реалност.

В недела преку 54 милиони Турци ќе гласаат. За Турците во дијаспората, а нивниот број е речиси три милиони- изборниот процес заврши уште на 25 октомври, до кога мораа да го дадат својот глас.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми