1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција исклучена од борбата против тероризмот?

Сенада Соколу/бг29 јануари 2015

Турската јавност го критикува дистанцираниот однос на Западот кон нивната земја кога се работи за меѓународната борба против тероризмот. Турските експерти сметаат дека причината е губењето на довербата во турската влада

Фотографија: Reuters/O. Orsal

Од атентатот врз францускиот магазин „Шарли Ебдо“, борбата против меѓународниот тероризам е сѐ поактуелна. Турција како членка на НАТО игра важна улога во тоа. Земјата има стратешко значење, особено поради фактот што се граничи со Сирија и Ирак, во кои е голема заканата од ткн. Исламска држава.

Но, јавноста во Турција се погласно говори за тоа дека Западот и го врти грбот на Турција. „Зошто е Турција исфрлена од групата?“ се прашува дневниот весник Тудеј Заман. Слично пишува и Хуриет: “Турција не треба да биде исклучена од анти-терористичкио сојуз“.

Меѓународната заедница постојано ја критикува Турција дека недоволно одлучно делува против Исламската држава и другите терористи кои ја користат земјата како транзит. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу за време на посетата на Германија пред две недели на тие обвинувања одговори со следните факти: „Турција на црната листа има околу 7 илјади странски борци кои имаат врска со тероризмот во Сирија и Ирак. Две илјади веќе се префрлени во земјата на потекло, а таквата соработка ќе продолжи“.

Ахмет Давутоглу и Ангела МеркелФотографија: AFP/Getty Images/T- Schwarz

„Сѐ уште е рано да се тврди дека Турција е исклучена од анти-терористичката коалиција“, вели Фетих Ачикел, политолог од Универзитетот во Анкара. „Очигледно е дека е разнишана довербата во турската влада, а тоа има свои причини. Постојат сигнали дека Турција не вложува доволно напори во соработката со ЕУ и со другите западни земји во борбата против исламистичките и терористичките организации“, вели Ачикел. Тој потсетува на блиските врски на владејачката АКП во Турција со Ал Нусра фронтот во Сирија- терористичка организација блиска до Ал Каеда. „Борците на Ал Нусра и нивното раководство се обучуваат во повеќе турски провинции. тие добиваат логистичка поддршка во борбата против режимот на Асад во Сирија“, вели Ачикел. Слична е состојбата и со борците на Исламската држава, дополнува тој. Тоа е и причината поради која западните земји не се сигурни дали треба да соработуваат со АКП.

Опасност и за Турција

Податокот дека турската влада одржува врски со мрежата на Ал Каеда не е официјално потврдено, ни од САД, ниту од некоја друга западна држава, вели Менсу Акгун, директор на Глобалниот политички тренд центар на Универзитетот за култура во Истанбул. „Постои добра причина зошто Турција во Сирија или во Ирак не се бори против Исламската држава. Не затоа што негува симпатии кон нив, туку затоа што се граничи со тие земји, па со тоа и со овие терористички организации. Војното спротивставување на овие терористи би бил директен повик за тероризам во Турција. И тука повеќе не би било безбедно“, вели Акгун.

Турските тенкови на „стенд-бај“Фотографија: Getty Images

Според него, една од причините поради која западните земји се дистанцираат од соработката со Турција во борбата против тероризмот е и тоа што Западот одбива да преговара со Турција за членство во ЕУ.

„Секоја дискусија и било какви преговори будат надеж за членство во ЕУ. А тоа е последното што многу европски земји во овој момент го сакаат. Затоа, веројатно е поедноставно да се дистанцираат од Турција. Тие треба добро да размислат за тоа. Подобро би било тесно да соработуваат со Турција во борбата против меѓународниот тероризам, затоа што Турција е стратешки многу важна“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми