1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција и БиХ ќе ја зајакнуваат економската соработка

25 март 2008

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е во посета на Сараево. Вети зголемена поддршка и помош за развојот и евроинтеграцијата на Босна и Херцеговина. Договорено е и продлабочување на соработката на економски план.

Реџеп Таип ЕрдоганФотографија: AP

Турција и Босна и Херцеговина имаат добра билатерални односи, но потребно е засилување на соработката, особено на економски план, констатираа премиерите на двете земји, Реџеп Таип Ердоган и Никола Шпириќ. На средбата во Сараево се договориле во иднина подобро да се користат неискористените потенцијали.

„Онаму каде што има застој, како во развојот на банкарството, финансиите, надворешната трговија и царината, ќе ги охрабриме ресорните министри да изнајдат начин за соработка од која ќе имаат корист граѓаните на двете земји“, појасни Шпириќ. И Ердоган кој во Сараево допатува со делегација од 40 бизнисмени, потврди дека двете земји ќе работат на подобрување на меѓусебните односи:

„Ние сме две земји коишто делат исти културно историски вредности. Заедничка цел ни е односите на сите области да ги доведеме на многу повисоко ниво“, рече Ердоган.

Анкара вети поддршка и за НАТО

Турција на Босна и Херцеговина и ветила поддршка и во приближувањето и зачленувањето на земјата во НАТО.

„Ја повторивме нашата подготвеност, уште на самитот на Алијансата во Букурешт да ја поддржиме Босна да започне забрзан дијалог за приклучување во сојузот“, рече Ердоган. Турскиот премиер е и против најавите за поделба на Босна:

„За нас Босна и Херцеговина е единствена држава. Поделбите секогаш носат загуби и слаби заедници. Сметаме дека е многу важно зачувување на територијалниот интегритет. Треба да се поработи и на јакнењето на свеста кај граѓаните за припадност во земјата.“ Инаку Ердоган денеска треба да прими и титула почесен доктор на Универзитетот во Сараево. Посетата на Босна и Херцеговина е дел од неговата регионалната мини турнеја во која ќе ги посети и Албанија и Бугарија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми