1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција не попушта во спорот со Германија

ЕМФ /агенции
5 јуни 2017

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел најави повлекување на германските војници од турската воздухопловна база Инџирлик. Неговата денешна мисија во Анкара заврши без успех.

Ankara Bundesaußenminister Sigmar Gabriel SPD trifft den Außenminister der Republik Türkei Mevluet Cavusoglu
Фотографија: Reuters/Um Bektas

Турција и натаму не им дозволува на германските парламентарци да ги посетат војниците на Бундесверот стационирани во воздухопловната база Инџирлик. Германските пратеници можат да ја посетат НАТО-базата во Конија, „но не Инџирлик“, изјави денеска во Анкара, по разговорите со својот германски колега, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел во Анкара рече дека „жали“, но моли „за разбирање“ што „поради внатрешнополитички причини војниците ќе мора да бидат преместени“.

Турската влада со недели одбива да им дозволи на германските парламентарци посета на војниците на Бундесверот во Инџирлик кои се дел од меѓународната мисија против џихадистите на Исламска држава во Сирија. Најновата забрана следуваше откако Германија им даде азил на турските војници кои, според наводи на Анкара, учествувале во обидот за пуч во Турција, во јули 2016 година.

Нема договор за Инџирлик

00:41

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми