1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција уапси 143 осомничени приврзаници на ИД

ЕМФ / дв
29 октомври 2017

Дел од уапсените наводно планирале напади на денешниот Ден на Републиката во Турција. Во текот на изминатите години се уапсени над 5000 осомничени приврзаници на ИД.

Türkei Polizei in Ankara
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Berkin

Турската полиција во голема акција уапсила 143-ца осомничени приврзаници на терористичката милиција Исламска држава (ИД). Дел од осомничените наводно планирале напади на денешниот „Ден на Републиката“, јави турската новинска агенција Анадолу. Денеска во цела Турција се прославува 94-годишнината од основањето на републиката од страна на Мустафа Кемал Ататурк.

Според Анадолу, полицијата спровела рации во осум провинции. Во главниот град Анкара се уапсени 49 од вкупно 55 странци по кои е распишана потерница, додека во Истанбул се уапсени четворица осомничени приврзаници на Исламска држава. Во автомобилот на уапсените во Истанбул е пронајдена рачно направена бомба. Освен тоа, во рациите спроведени во две различни куќи на осомничените, антитерористичките единици пронашле материјал за изработка на бомби.

Турција го прославува Денот на РепубликатаФотографија: Reuters/U. Bektas

Турското раководство ја обвинува ИД за многу напади во земјата. Последниот се случи на пречекот на Нова година, во истанбулскиот ноќен клуб Реина. Во нападот загинаа 39 лица. Според официјални податоци, во текот на изминатите години се уапсени над 5000 осомничени приврзаници на ИД, а протерани биле околу 3300 странски милитанти од 95 земји.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми