Турција ја очекува одлуката на Уставниот суд
30 април 2007Реклама
Вчера во Истанбул се собраа повеќе од еден милион луѓе на демонстрации, по соопштението на генералштабот на турската армија со кое се спротивстави на изборот на Абдула Ѓул за претседател на државата. Нивната парола е - Ниту шарија ниту пуч. Тие бараа почитување на стриктната уставна поделба меѓу државата и религијата. Во меѓувреме зејата е во очекување на одлуката на Уставниот суд. Од неа ќе зависи дали Ѓул ќе оди во втор круг гласање или пак ќе бидат распишани предвремени парламентрни избори.