1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евроатлантската иднина на Македонија е во ризик

СН/ртр15 април 2016

Првиот човек на Советот на ЕУ, Доналд Туск, ја предупреди Македонија да не ги доведува во ризик своите односи со ЕУ и НАТО.

Фотографија: Getty Images/AFP/J. Thys

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск денеска ја предупреди Македонија да не дозволи поради внатрешната политичка криза да бидат ставени во ризик нејзините односи со Европската унија и со НАТО.

„На Европа ѝ е потребна стабилна ПЈРМ, водена од владеењето на правото. Евроатлантската иднина на земјата е во ризик“, изјави денеска Туск во реакцијата на најновите настани во Македонија.

Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељановски денеска официјално ги распиша предвремените парламентарни избори за 5-ти јуни, наспроти противењето на опозицијата, која смета дека условите за веродостојни избори не се исполнети. Покрај тоа, денеска повторно се очекуваат протести во Скопје поради одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми