1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

ТУ-154: Главната црна кутија извадена од Црното Море

СН /дпа,афп,ртр
27 декември 2016

Една црна кутија од рускиот воен авион што се урна во неделата во Црно Море е пронајдена, потврди руското министерство за одбрана.

Russland Flugzeugabsturz bei Sotschi - Bergung
Фотографија: picture-alliance/TASS

Кутијата која содржи важни технички податоци за летот и која ќе помогне за откривање на причините за несреќата, била пронајдена во текот на ноќта на длабочина од 17 метри во Црното Море и била извадена. Како што соопшти руското министерство за одбрана, станува збор за главната од вкупно три црни кутии во авионот од типот ТУ-154, и таа ќе биде испратена на анализа во Москва.  Руските медиуми во меѓувреме пренесуваат информација од истражниот тим дека наскоро би можела да биде пронајдена и втора црна кутија од авионот, која ги содржи тонските записи. 

Истражителите претходно соопштија дека не ја знаат вистинската причина за падот на авионот Тупољев 154 но се претпоставува дека најверојатно во прашање била  грешка на пилотот или технички проблем. Руските власти ја исклучија можноста од терористички напад. 

Пронајдена црна кутија на ТУ-154

01:05

This browser does not support the video element.

Во авионот кој се урна непосредно по полетувањето од аеродромот во Сочи, се наоѓаа 84 патници и осум членови на екипажот. Меѓу патниците имаше девет новинари, како и хорот и членовите на танцувачката група на руската војска кои требаше да ги забавуваат руските војници за време на новогодишните празници во базата во Сирија.

Паднатиот авион бил произведен 1983 година. Делови од леталото се пронајдени во Црното Море на длабочина од 50 метри, на околу 1,5 километри од брегот.

Досега се пронајдени 13 тела на загинатите и е покрената опсежна воздушна и поморска потрага на Црното Море во која се вклучени околу 3.500 луѓе.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми