1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсени исламисти во Бон

2 октомври 2011

Во пресрет на прославата на Денот на германското обединување, 3 октомври, полицијата уапси четири лица, за кои не се исклучува можноста дека планирале евентуален напад во Бон. Конкретна опасност нема, тврди полицијата.

БонФотографија: DW

Германската полиција упаси четири лица од исламистичката сцена поради сомневање за можно планирање на напади. Полицијата во Келн соопшти, дека мажите на возраст од 22 до 27 години нелегално набавиле огнено оружје. Со оглед на тоа што полицијата не можела да ја исклучи можноста од евентуални напади за време на прославата на Денот на германското обединување, што од 1 до 3 октомври се оддржува во Бон, осомничените лица синоќа биле приведени, тројца во околината на Бон и едно лице во Офенбах. Полицијата информираше дека нема конкретни индикации за планиран напад за време на централната прослава во Бон.

Полицијата изврши и претрес во домовите на приведените лица. Сите четворица биле родени во Германија. Повеќе подробности не се соопштуваат, со оглед на тоа што истрагата е во тек. Радиото Сидвеструндфунк во меѓувреме информираше дека еден од уапсените утрово е пуштен на слобода, што полицијата го потврди.

Портпарол на државното обвинителство во Карлсруе соопшти, дека засега нема индиции, дека уапсените му припаѓале на некое терористичко здружение, ниту има знаци за „конкретни подготовки за напад“. Од овие причини државното обвинителство се’ уште не е вклучено во случајот, меѓутоа постојано е информирано од властите во Келн за текот на истрагата.

Централната прослава за Денот на германското обединување годинава се одржува во Бон. Утре, на 3 октомври, се очекува присуство на канцеларката Ангела Меркел, претседателот Кристијан Вулф и редица други политичари и личности од јавниот живот во Германија.

Полицијата соопшти дека и покрај апсењата, тридневната манифестација во Бон се одвива без никакви дополнителни ограничувања.

Автор: АТ/ ЖА/ дапд

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми