1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Уапсен водечки грчки неонацист

СН/агенции
2 јули 2021

Заменик лидерот на грчката десничарска екстремистичка партија „Златна зора“, осуден на 13-годишна затворска казна, беше уапсен по повеќемесечно бегство. Полицијата му влегла во трага на Христос Папaс во Атина.

Griechenland Athen | Golden Dawn Partei - Christos Pappas
Фотографија: imago/ZUMA Press

Истражителите на грчката полиција беа во можност да го уапсат Христос Папас, вториот човек на озлогласената десничарска екстремистичка и расистичка партија, кој беше во бегство од октомври 2020 година, во стан во Атина, јави грчката државна телевизија ЕРТ, повикувајќи се полициски извори. Уапсена е и 52-годишна жена за која се тврди дека му дала засолниште.

Папас избегна апсење во октомври по пресудите за десетици членови на партијата. 59-годишниот Папас, тогаш преку неговиот адвојат порача дека немаше да им се предаде властите. Тој имено беше ослободен од притвор непосредно пред крајот на судењето. Потоа полицијата изврши претрес во неколку станови, но не можеше да го лоцира Папас.

Осудени 50-тина членови на партијата

Грчки суд ги осуди Папас и целото раководство на партијата, која е позната по нападите врз мигранти и политички противници, на повеќегодишни затворски казни за формирање и водење на криминална организација.

Повеќе:

-Заменик шефот на Златна зора не се предава

-13 години затвор за водачот на грчката неонацистичка партија Златна зора

-Грчкиот „Нирнбершки процес“ - пресуда против „Златна зора“

Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Saitas

Лидерот на партијата, Никос Михалолијакос, исто како и Папас, доби 13 годишна затворска казна, а пет други водечки членови од 10 до 13 години. Еден партиски приврзеник беше осуден на доживотен затвор. Тој призна дека смртоносно го прободел со нож левичарскиот рапер Павлос Фисас во 2013 година. Вкупно околу 50 членови на партијата беа осудени на затворски казни.

Михалолијакос и уште неколкумина осуденици по судскиот процес  ѝ се предадоа на полицијата за да го започнат отслужуваето на казните.  Повеќегодишниот мамутски судски процес се смета за едно од најважните во политичката историја на Грција.

„Златната зора“, која е основана во 90-тите години на минатиот век, и одржува блиски контакти со неонацистичката сцена, во голема мерка уживаше неказнивост долго време и покрај најмалку две убиства и бројни акти на насилство врз мигранти, хомосексуалци и левичарски активисти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми