1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсен уште еден опозициски политичар

БГ/афп/бета20 март 2014

Агенти на државната безбедност во Венецуела го уапсија синоќа опозицискиот градоначалник на градот Сан Кристобал, од каде започнаа антивладините протести во земјата

Фотографија: Reuters

Данијел Себалос е уапсен по судски налог поради „граѓански бунт“ и „поддршка“ на насилството во тој град, изјави министерот за внатрешни работи на Венецуела, Мигел Родригес.

Себалос е втор лидер на опозициската партија Народна волја кој е уапсен во рамките на бранот антивладини протести кој започна во Сан Кристобал на 4. февруари. Кон средината на февруари беше уапсен и лидерот на партијата Леополдо Лопес.

Врховниот суд на Венецуела во средата најави смена на опозицискиот градоначалник на Сан Диего, Енцо Скаранo и му одреди казна од 10 месеци и 15 дена затвор поради тоа што не ги спречил демонстрантите во неговиот град да подигаат барикади.

Министерот Родригес изјави дека апсењето е „чин на правда“ бидејќи градоначалникот не само што не ги исполнувал своите законски обврски туку и го олеснувал и поддржувал неразумното насилство во Сан Кристобал.

Антивладините протести во Венецуела траат повеќе од еден месец. Почнаа со студентски протести во Сан Кристобал, упориште на опозицијата во близина на границата со Колумбија. Оттогаш протестите зафатија и други градови, вклучително и Каракас, и севкупно имаше најмалку 28 жртви.

Граѓаните се незадоволни поради огромната инфлација, растечкиот криминал и недостатокот на основни животни намирници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми