1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Убиениот Куцијак требало да исчезне

Аурелиус Пецивол
14 јануари 2020

Осомничениот убиец на словачкиот новинар Јан Куцијак и на неговата свршеница го призна делото. Изненадувачкото признание ги зовре емоциите на роднините на убиените.

Slovakei Gedenken an Jan Kuciak
Фотографија: Reuters/David W. Cerny

Родителите на убиениот истражувачки новинар Јан Куцијак и на неговата свршеница Мартина Кушнирова првпат пред четири недели му погледнаа в очи на осомничениот убиец Мирослав Марчек. Сега од негова уста слушнаа како го извршил убиството.

Марчек во судницата рече дека неговиот внук го донесол во Велка Мача, село источно од Братослава, каде живееле Куцијак и Кушнирова. Се сокрил во зградата и долго го чекал новинарот. Кога Куцијак и Кушнирова дошле дома, чекал на „погоден момент“. Куцијак му отворил врата и Марчек го застрелал. „Тогаш, за несреќа, забележав дека има и друго лице. Потрчав по неа во кујната и ја убив и нејзе.“ Не носел маска, затоа не можел да си замине, туку морал да го убие сведокот.

Со тоа се чини се разјаснето убиството и текот на настаните. Но кој го нарачал убиството? Првично било планирано новинарот да биде киднапиран и потоа да исчезне без трага. Но, планот бил променет поради временски теснец и притисок што му бил вршен, тврди Марчек. Неколку дена пред убиството тој веќе тргнал да го убие Куцијак, но не го направил тоа откако видел дека новинарот не е сам. Овојпат, одговори Марчек на потпрашање на судијката, се одлучил да ја заврши задачата затоа што Андрушко го ставил под притисок.

Мирослав Марчек го призна убиствотоФотографија: DW/A. Marek Pędziwol

Золтан Андрушко, познаник на Алена Жужова, е човекот кој ги избрал Мирослав Марчек и Томаш Шабо за извршување на убиството. Тој беше првиот осомничен кој ја призна вината. За возврат обвинителството му понуди ублажување на казната. Пред крајот на 2019 година судот во Пезинок ја одобри ваквата спогодба. Андрушко доби 15 години затвор. Во главниот судски процес тој ќе се појави како сведок.

Повеќе:

Убиството на Јан Куциак: Што знаеше државата?

Уапсени осомничените убијци на новинарот Јан Куцијак

Словачка: Манекенка, мафија и висока политика

Марчек е вториот од петтемина обвинети во случајот Куцијак кој даде признание. Неговиот внук и осомничен помагач во убиството, Томаш Шабо, молчи.

Луѓето кои се осомничени како лица кои го нарачале убиството и ги влечеле конците од позадина демантираат секаква своја вклученост во убиството. Како нарачател на убиството е осомничен словачкиот претприемач Маријан Кочнер, кој има врски со обвинители, судии и политичари. Обвинета е и неговата животна сопатничка Алена Жужува, која наводно го пренесла налогот за убиство до извршителите.

Кочнер и Жужова пред судот делуваа самоуверено, Кочнер дури и се смешкаше одвреме-навреме. Претприемачот призна вина само по една точка од обвинението - поседување оружје. Жужува, пак, јасно вели: „Невина сум.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми