1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Убиените германски полицајци биле со цивилно патролно возило

ЕМФ
31 јануари 2022

Двајцата германски полицајци кои беа убиени во округот Кузел, во германската покраина Рајнланд Пфалц, биле со цивилно патролно возило, но носеле полициски униформи и безбедносни елеци.

Deutschland | Zwei tote Polizisten in Kusel
Фотографија: Thomas Frey/dpa/picture alliance

Дваесет и четири годишната полицајка и 29-годишниот полицаец кои во текот на изминатата ноќ беа убиени при сообраќајна контрола во германската покраина Рајнланд Пфалц, според објаснувањето од полицијата во Кајзерслаутерн, биле со цивилно патролно возило, но носеле полициски униформи и безбедносни елеци. Од она што досега е познато, полицајците успеале преку својата радио врска да им јават на клолегите дека врз нив се пука, но кога засилувањето стигнало, двајцата веќе им подлегнале на повредите. Убиецот или убијците се во бегство, во непознат правец.

Полицискиот синдикат (ГдП) информира дека полицаецот и полицајката, која сѐ уште студирала на Високата полициска школа, запреле возило за контрола околу 04:20 часот изутринава. Зошто возилото им паднало в очи и што сѐ се случувало, треба да открие истрагата. „Билд“ пишува дека при контролата е наводно пронајден мртов дивеч во возилото. Полицијата изутринава ги предупреди возачите во регионот да не земаат стопери, зашто најмалку еден од убијците е вооружен. Тоа може да биде и индиција дека извршителите избегале пеш од местото на убиството.

Полицијата го има блокирано приодот кон местото каде што се случило убиствотоФотографија: Thomas Frey/dpa/picture alliance

Убиството предизвика лавина од реакции во земјата. Претседателката на покраинскиот огранок на полицискиот синдикат во Рајнланд Пфалц, Сабрина Кунц, изјави: „Сведоци сме на реален кошмар на сите полицајци“.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека „независно од тоа кој е мотивот за ова дело, тоа потсетува на егзекуција и покажува дека полицајците секојдневно го ризикуваат животот за нашата безбедност“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми