Убиен германски соработник во Авганистан
9 март 2007„Станува збор за две возила во кои се наоѓаа еден германски и неколкумина локални соработници. Едното возило било запрено од вооружени лица. Локалните, авганистанските соработници биле избркани, а пото се слушнале истрели. Кога се вратиле назад во возилото, го нашле застрелан германскиот соработник„, објаснува портпаролката на организацијата „Светска помош за гладните„, Симоне Пот. И шефот на полицијата во местото Шари Пул, Абдул Калед Самиан потврди дека авганистанските соработници биле ограбени и ослободени. Германецот бил застерлан од две вооружени лица кај селото Мирза Воланг.
Инаку, оваа организација работи во Авганистан од 1980 година. Тежиште на нејзината работа е обновата на локалната инфраструктура, обезбедувањето храна и засилувањето на цивилното општество. Тео Ридке, регионален координатор на германската помош за Авганистан изјави:
„Атмосферата во Авганистан е мошне затегната, но не сметавме дека ваков инцидент е можен во овој регион. Прогнозите повеќе се однесуваа на југот или истокот, можеби и за Кабул„
Во меѓувреме, командата на мисијата ИСАФ кон местото на настанот упати војници, додека полицијата трага по извршителите. Се уште не е јасно која група стои зад злосторството и кои се нејзините мотиви.