Убиен косовски политичар од партијата на Тачи
15 јуни 2014Според полицијата, мотивите и извтршителот се‘ уште се непознати. Писта бил застрелан во паркинг просторот на ресторант „Хаја Петрол“ кај неговиот роден град Раховец, во моментот кога со сопругата и неколку пријатели излегле од објектот, каде биле на вечера по повод роденденот на сопругата Бесарта. Во него било пукано од зад грб. Според полицијата убиството било добро испланирано. Писта бил веднаш префрлен во болница, но лекарите само констатирале смрт.
Писта за пратеник беше избран на последните парламентарни избори, а досега работеше како секретар на косовски Пост телеком. Премиерот и лидер на ДПК, Хашим Тачи, изрази длабоко сочувство до неговото семејство и вети откривање на атентаторите. Убиството го осуди и лидерот на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изразувајќи сочувство и побара расветлување на убиството што е можно поитно.