Убиецот од Аеродром се предал сам
3 септември 2010Станува збор за скопјанецот со иницијали Т.Д. кој синоќа околу 19 часот и 40 минути со автоматско пушка ги застрела Јордан Јорданов и Влатко Андреев, двајцата од Велес, и Владо Милошев, вработен во МВР. Убиството се случи во рибниот ресторан „Биг фиш“, кај ТЦ „Три Бисери“, во скопската населба Аеродром. Осомничениот за убиството утрината сам се предал на полицијата, изјави за Дојче веле министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Истрагата е во тек. Во инцидентот едно лице почина на местото на настанот, а две беа повредени и пренесени во Ургентниот центар.
„Во Ургентниот центар беа донесени две лица со прострелни рани. Едниот од нив починал веднаш им подлегнал на повредите, а другиот починал во операциската сала. Имал прострелни рани во пределот на главата и градниот кош“, изјави Реџеп Селмани,
Автор: КД/миа
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска