Убиецот од Норвешка останува изолиран во притвор
19 август 2011
Четири недели по експлозијата на бомба во Осло и масакрот во кампот на островот Утоја, денеска (19.08) во Норвешка почнаа комеморации во спомен на 77-те жртви.
На првиот ден од тридневната жалост членовите на семејствата на починатите имаа можност да го посетат островот Утоја, утре тоа ќе можат да го направаат преживеаните, а в недела (21.08) во Осло ќе биде одржана централната комеморација, на која ќе присуствуваат и членови на владата и кралското семејство.
Атентаторот Андрес Бреjвик на 22 јули изврши напад во Осло и уби десетици млади, подмладок на социјалдемократската партија.
Судот во Осло денеска донесе одлука да му ја продолжи за уште четири недели мерката притвор. 32- годишниот Брејвик ќе остане во самица изолиран од надворешниот свет до 19 септември.
Неговиот адвокат по денешното сослушување зад затворени врати изјави дека Брејвик се пожалил до судот дека третманот кон него e еднаков на „садистичка тортура“. Судијата Хуго Абелсет по сослушувањето меѓутоа нагласи дека тоа не го поколебало во одлуката да му забрани на Брејвик за натамошни четири недели комуникација со кого било и на тој начин да се создаде можност за уништување на докази.
Автор:СН/ЕМФ/афп/ртр
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска