1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Удар врз демократијата во САД  

Инес Пол
12 јуни 2021

Реформите на изборното право во многу сојузни држави под власт на Републиканците ги поткопуваат граѓанските права, особено оние на црнците. Тоа е егзистенцијален напад врз демократијата, смета Инес Пол. 

BdTD USA 100 Jahre Frauenwahlrecht | Washington Weißes Haus angestrahlt
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Brandon

Површно, не изгледа дека е нешто повеќе отколку класично мерење на силите кое на светот му е својствено за САД, благодарение меѓу другото и на сериите на Нетфликс. Во земјата на две партии дел од лошиот стил е и тоа со сите средства да се блокира спротивната партија, да се спречи нејзиниот политички успех за на некои од следните избори да се обезбеди мнозинството во еден, ако не и во двата дома. Тактика која во минатото ја користеа и демократските политичари. Тоа не треба да се заборави. Но, тоа што сега го гледаме во САД е елементарно, егзистенцијално. По 4 години Трамп и Републиканската партија која и натаму е заробена во неговите лаги, загрозен е политичкиот систем во земјата. Можеби звучи претерано, но воопшто не е. 

Да ги спречат црнците да гласаат 

Демократија се дефинира и по тоа што сите граѓани може да гласаат слободно и тајно и им следуваат истите права независно од потеклото, сексуалната ориентација, религиската припадност, возраста или примањата. Но, токму тоа право сега се поткопува. Веќе во 14 сојузни држави републиканските влади го сменија изборното право. И на пат се да им се приклучат уште неколку други со цел да се минимизира можноста за влијание на изборниот резултат од страна на луѓето со црна боја на кожата и други малцинства, како и да се обезбеди останувањето на власт на Републиканците.

Инес Пол, автор на текстотФотографија: DW/P. Böll

Во земја во која белото мнозинство за неколку години ќе биде минато, партијата на тој начин се обидува да остане на власт. Па така и изборните единици се кројат на ново, се воведува правило за легитимирање каде постари потписи се декларираат за неважечки, а гласањето по писмен пат се укинува или отежнува. Тексас дури забранува гласање во неделите наутро. Тоа пак е класичниот тајминг за гласање на црната популација која извршувањето на граѓанското право го поврзува со одењето в црква. Но, најопасни се измените кои на претседателите на изборните комисии значително им олеснуваат едноставно да ги прогласат изборите за неважечки. За да се сфати контекстот: големо мнозинство од Републиканците без било каков доказ и наспроти сите пребројувања до денес тврдат дека Доналд Трамп всушност бил победник на изборите во ноември минатата година.

Што сѐ е на коцка

Тоа се мрачни перспективи со последици кои е тешко да се предвидат, не само за претстојните избори во 2022, туку и за претседателските избори во 2024. На крај двата дома, Конгресот и Сенатот, мора да го потврдат изборот на т.н. Electoral College, односно собирот на делегати, за да може претседателот избран од народот и де факто да ја преземе должноста. 

Повеќе:

Трамп не исклучува кандидатура во 2024 година

Дали Америка ќе стане повторно голема?

Што значи упадот во Капитол за западните демократии?

6 јануари, денот кога приврзаниците на Доналд Трамп го нападнаа Капитолот токму за да го спречат овој процес, покажа што сѐ може да се очекува. Демократските сили во САД од тогаш се „на штрек” и точно препознаваат што сѐ е на коцка. 

Сите демократии треба точно да забележат што се случува 

 Сите демократии во светот треба внимателно да ја следат ситуацијата во САД и да извлечат поуки.

1. Не постои нешто како „да се биде само малку антидемократски настроен”. Кој заради моќ влегува во коалиции со антидемократски личности и партии, тој губи. Републиканците гледаат дека сега не може веќе да го контролираат популистичкиот дух на Доналд Трамп. 

2. Никој нема одговор на тоа како може да се пукнат балоните од лажни вести на социјалните медиуми. САД се потресен пример за тоа колку брзо информации може да бидат заменети со лаги ако фактите го поткопуваат поимањето на светот на оној што ги шири лагите. 

3. Веродостојноста на политичарите почнува со почитта спрема гласачите. Доналд Трамп стана тоа што е и благодарение на ароганцијата на политичките елити кои ги игнорираа грижите на многу Американци. 

4. Демократии може да преживеат само со независни и критички медиуми кои се во состојба да допрат до голем круг луѓе. 

5. И најважно од сѐ е едукацијата на младите лица. Да стекнат медиумска писменост и да се поттикне желбата да се размислува со сопствена глава. Тоа се почнува на училиште. Но, токму таму може да е и крајот на тој процес. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми