УЕФА ја официјализира Лигата на нациите
27 март 2014Европскиот фудбал го проширува планот на игрите: во иднина нема да постои само Европско првенство за нациите, туку и Лига на нациите, во која ќе бидат избирани најдобрите национални екипи.
Како што претходно беше најавено, на Конгресот на УЕФА во Казахстан е потврдено дека од 2018 година ќе стартува новото натпреварување, кое ќе се нарекува Лига на нации.
„Ова е многу важна одлука кога станува збор за иднината на фудбалот на ниво на националните тимови“, рекол претседателот на УЕФА, Мишел Платини.
Новото натпреварување, кое ќе биде замена за поголемиот дел на пријателските натпревари, ќе треба да започне во септември 2018 година.
Учесниците на завршниот турнир во Лига на нациите ќе изборат директен пласман на Европското првенство во 2020 година.
Европските репрезентации би биле поделени во четири дивизии, најверојатно според пласманот на ранг листата на ФИФА.