1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Ужаснатост во Торонто

СН/ агенции
24 април 2018

Најголемиот град во Канада е во шок. Напаѓач со бело комбе неколкупати влета во пешаци на тротоарите во централниот дел на Торонто. Најмалку 10 луѓе загинаа а 15 се повредени.Нема индикации дека станува збор за тероризам

Kanada Wagen rast in Menschen auf einer Kreuzung in Toronto
Фотографија: Reuters/C. Donovan

Алек М. од северниот дел на Торонто со изнајмено бело комбе возеше низ 15 блокови во канадскиот град и повеќепати се качуваше на тротоарот, косејќи ги притоа пешаците со брзина од 60 до 70 километри на час. Конечно комбито со демолирана хаоуба застана на тротоарот и полицијата го уапси напаѓачот. зад него останаа најмалку 10 загинати и 15 повредени луѓе. Нападот се случи вчера попладне по локално време.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/The Canadian Press/F. Gunn

Полицијата во меѓувреме е сигурна дека станувало зборо за целен напад, но нема индикации дека во прашање е терористички чин. 25-годишниот Алек М. досега не ѝ бил познат на полицијата, ниту пак е поврзан со какви било терористички организации, јавуваат канадските медиуми.

Напад со комбе врз пешаци во Торонто

00:42

This browser does not support the video element.

На видеото снимено од очевидец се гледа како напаѓачот држејќи некој предмет во раката им вика на полицајците: „Убијте ме“ и „Пукајте ми во главата“. Уапсен е меѓутоа без испален куршум. По неговото приведување, полицијата соопшти дека тој немал огнено оружје кај себе.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/The Canadian Press/A. V. Elkaim

„Нашите срца се со оние кои се погодени“, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо. Градоначалникот на Торонто Џон Тори истакна дека градот во моментов е во сигурни раце и повика да се задржи смиреноста. „Ова е време во кое треба да бидеме што е можно посмирени“, изјави Тори.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми