1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваСоединети Американски Држави

Поделените Американски Држави

Carolina Chimoy Kommentarbild App PROVISORISCH
Каролина Химој
25 јуни 2022

Американскиот претседател Џо Бајден ја напушта својата земја за самитите на Г7 и на НАТО во најлош можен момент. Пресудата на Врховниот суд за забрана на абортусот претставува шокантна пресвртница, смета Каролина Химој.

Протести по одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на законот за абортусФотографија: Steve Helber/AP Photo/picture alliance

26 сојузни држави го повикаа Врховниот суд на САД да го укине законот за абортус што претходно важеше за целата земја. Овој закон, познат и како „Роу против Вејд“, именуван по преседан поставен во 1973 година е оттогаш во сила. Тогаш судиите одлучија дека тој важи во сите држави. Сега судиите се откажаа од овој принцип и државите повторно можат сами да одлучуваат. Околу 20 држави сега би можеле да го забранат абортусот - дури и во случај на силување. Мисури беше првата сојузна држава која веќе го стори тоа.

Пред речиси 50 години, Врховниот суд беше поинаков суд во кој политичките тенденции не беа ни приближно клучни како што се денес. Одговорноста за одржување на оваа земја - позната како Соединетите Американски Држави - беше поголема тогаш. Тоа беа златните денови на САД: земја која беше позната по своите модерни и либерални реформи. Земја која во светот се сметаше за најдобар пример за западниот модел. Сега сето тоа е во урнатини. Историски пресврт!

Падна првата домино коцка

Културниот судир го најде својот голем симбол во прашањето за абортусот. Доналд Трамп беше тој кој решително го зајакна конзервативното мнозинство во Врховниот суд преку неговите назначувања и сè позасилено го политизираше судот. Овој петок (24 јуни), Врховниот суд со својата пресуда дополнително го зголеми јазот во американското општество. Ќе видиме протести од двата табора. Жените кои сакаат да абортираат во иднина сега мора да одат во држави каде што сè уште можат да го направат тоа. Оние кои немаат пари за тоа, ќе се обидат самите - каков што  беше случајот со векови - и можеби ќе умрат обидувајќи се.

Каролина Химој, авторка на коментарот

А Врховниот суд сега може да донесе и други одлуки кои би ја поделиле земјата: истополовите бракови се исто така контроверзни во многу држави во САД, па така евентуална конзервативна пресуда на Врховниот суд може повторно да го укине ова право.

Сето ова значи еден во моментов тешко проценлив засек за земјата која токму сега треба да биде обединета со оглед на надворешнополитичкиот предизвик наметнат од рускиот напад врз Украина. Земјата чие општество целосно се распаѓа не може да му понуди потпора западниот свет. Но, ние веќе одамна немаме работа со Соединети туку со Поделени Американски Држави. И со либерална нација во пропаѓање. Сведоци сме на голема победа на конзервативците и на евангелистите во ускратувањето на правото на жените на самоопределување. И како Врховниот суд се повеќе станува креатор на политики.

Предизборна помош за ослабените демократи?

Но, сегашната одлука може да има и сосема поинаква последица: имено дека граѓаните на САД ќе бидат помотивирани од кога било да учествуваат на делумните меѓуизбори за Конгресот во ноември. Излезноста на овие избори е обично многу мала.

Но, оваа пресуда може да стави крај на политичката апатија на американските граѓани и да доведе до изненадувачки резултат на тие избори. Можеби овој ден би можел дури и да им помогне на ослабените демократи и нивниот претседател Џо Бајден - загриженост за која се вели дека ја изразил дури и поранешниот претседател Доналд Трамп.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми