1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украден автобус на Барак Обама

19 октомври 2011

Непознати сторители украле еден од автобусите, во кои била превезувана опремата за турнејата на американскиот претседател Барак Обама. Надлежните соопштија дека во автобусот немало тајни или чувствителни информации.

Барак Обама на изборна манифестацијаФотографија: AP

Крадци украле еден од автобусите кој требало да го придружува американскиот претседател Барак Обама на неговата турнеја низ земјата. Автобусот, во кој се наоѓале претседателски печати, документи и звучна опрема вредна повеќе од 200 илјади долари, бил украден од пред хотел во Ричмонд, Вирџинија, а неколку часа подоцна полицијата го пронашла на друг крај на градот. Полицијата не открива дали нешто било украдено од автобусот, а не се знаат ниту мотивите на крадците.

Надлежните во Вашингтон соопштија дека во автобусот немало тајни или чувствителни информации, но тврдат дека се преземаат сите мерки за да се откријат сторителите и позадината на кражбата.

Агенцијата Асошиејтед Прес, каде беше објавена веста, пишува дека „е добро што никој не ги заборавил и клучевите од Ер Форс 1“ (претседателскиот авион).

„Дали крадците знаеле што крадат или сега имаат чувство ’леле што направивме!’“, се прашува Асошиејтед прес.

Автор: БГ/ГЧ/ап

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми