1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина нареди повлекување од Северодоњецк

СН/агенции
24 јуни 2022

Со недели Украина и Русија водат битка за Северодоњецк. Двете страни наизменично јавуваа за успеси. Но, сега изгледа оти Москва ја добива битката за градот во регионот Луганск. Киев ги повлекува преостанатите војници.

Уништената хемиска фабрика Азот во Северодоњецк
Уништената хемиска фабрика Азот во СеверодоњецкФотографија: APA/GROUPDF/dpa/picture alliance

Украинските сили добија наредба да се повлечат од градот Северодоњецк на истокот на земјата каде во тек се жестоки борби со руските сили, соопшти денеска гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај.

„Украинските вооружени сили ќе мораат да се повлечат од Северодоњецк. Добија таква наредба“, напиша тој на Телеграм Гајдај.

Некои од најжестоките конфликти од почетокот на руската инвазија на Украина се водеа токму во Северодоњецк, каде борбите за секоја улица траат повеќе од еден месец, а Русија полека напредува.

„Нема смисла да се остане таму само за да се остане. Останувањето на уништени позиции нема смисла, а бројот на мртви расте“, рече Гајдај и додаде дека 90 отсто од куќите во Северодоњецк се уништени или оштетени.

Тој не кажа дали војската ќе се повлече веднаш или постои некоја друга временска рамка.

Напад врз Лисичанск

Битката за Северодоњецк е клучна за Русија за да воспостави контрола над остантиот дел од регионот Луганск, каде само соседниот град Лисичанск од другата страна на реката Сиверски Доњец. ќе остане под контрола на Украина ако Северодоњецк падне.

Според украинските информации, руската армија во меѓувреме продолжила да напредува кон Лисичанск  Сепак, нејзините напади  можеле да бидат одбранети. Според извештајот за состојбата на Генералштабот во Киев, Русите сега носат резервни сили на фронтот. 

Украина: Нагазни мини по нивите, блокиран извоз на жито од земјата

02:24

This browser does not support the video element.

Луганск е еден двата региона кои го сочинуваат Донбас, подрачје кое Русија и руските сепаратисти на истокот на Украина сакаат да го освојат целосно.

„На многу начини, судбината на Донбас се одлучува тука“, рече неодамна украинскиот претседател Володимир Зеленски, мислејќи на Северодоњецк.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми