1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Најавени нови преговори и прекин на огнот во Мариупол

СН/агенции
31 март 2022

Русија за денеска најави локален прекин на огнот во завојуваниот украински град Мариупол. Властите во Киев најавата ја оценија како „манупулација“. За утре пак е најавена нова онлајн рунда на мировните преговори.

Сателитска фотографија од разузнатиот украински град Мариупол
Сателитска фотографија од разузнатиот украински град МариуполФотографија: Maxar Technologies/AP/picture alliance

Русија и Украина ќе ги продолжат мировните преговори по пат на интернет на 1 април, соопшти високиот украински претставник вчера, откако беше завршен последниот круг преговори во Турција.

Украинскиот преговарач, Давид Аракхамиа, соопшти оти Украина предложила да се сретнат челниците на овие две земји, но дека Русија одговорила оти е потребно уште да се работи на нацрт-договорот.

Официјален Кремљ во средата оцени дека немало „напредок“ во преговорите меѓу завојуваните страни во Истанбул. Оваа оценка следеше по пораната и пооптимистична изјава на главниот руски преговарач, Владимир Медински, кој рече дека Киев покажал волја да ги прифати главните руски барања, вклучувајќи го откажувањето за членство во НАТО, но со забелешка оти ставот на Москва за Донбас и за Крим останува непроменет.

Преговарачите од Москва и од Киев на 1 април ќе одржат онлајн средбаФотографија: Sergei Karpukhin/TASS/dpa/picture alliance

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рано утрината во видео обраќање изјави дека мировните преговори меѓу Украина и Русија ќе продолжат „но, тоа засега тоа се само на зборови, ништо конкретно“.

Прекин на огнот во Мариупол или руска „манипилација“?

Во меѓувреме руското Министерство за одбрана соопшти дека локален прекин на огнот во украинското пристаниште во Мариупол треба да започне денеска за да се евакуираат цивили од заволуваниот град. 

Оваа мерка треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор до украинскиот град Запорожје, наведоа доцна синоќа од министерството.

„За да успее хуманитарната операција, предлагаме таа да биде спроведена со дикректно учество на претставници од Високиот комесаријат на ОН за бегалци и од Меѓународниот комитет на Црвениот крст“, додадоа од руското министерство.

Украинските власти оценија дека најавата за запирање на огнот во Мариопол е манипулација и порачаа оти не веруваат во ветувањата на Русија дека ќе го намали своето воено присуство.

„Не веруваме никому, на ниту една убава фраза“, изјави утрината украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и додаде оти е забележано трупање на руски сили во Донбас на истокот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми