1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украина со желба за ЕУ и НАТО

21 јануари 2005

Непосредно по прогласувањето в недела, новиот претседател на Украина, Виктор Јушченко тргнува на пат во странство. Најнапред во Москва ќе се сретне со неговиот колега, а потоа во Стразбур и Брисел да ја потврди желбата на неговата земја за прием во Европската унија.

На одбележувањето на 60-годишнината од ослободувањето на концентарциониот логор во Аушвиц и на светскиот економски форум во давос, Јушченко има намера да се сретне со колку што е можно повеќе државници за да го објасни неговиот прозападен курс. Олег Рибачук, наскоро евро-министер во Киев, ја подготвува неговата посета на Брисел. Идниот евро-министер во владата што ќе ја состави новиот претседател на Украина веќе е во Брисел за да го претстави важниот проект: членство на Украина во Европската унија. И тоа порадо денес отколку утре, вели Рибачук. Тој досега го водеше бирото на Јушченко, во Брисел разговараше со специјалниот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, како и со евро-комесарката за надворешна политика Бенита Фереро Валднер. Официјално ЕУ не сака членство на Украина, туку потесно партнерство во рамките на соседската политика. Сепак, Рибачук е сигурен дека Украина во рок од десет години, дури и пред Турција, може да влезе во унијата:

“Не, вратата не е затворена. Она што мора да го направи Украина е да ја одушеви унијата со брзината. Ако доволно бргу се развиваме, тогаш ЕУ ќе мора да одговори. Во тоа сум убеден“.

Украина ќе спроведе радикални политички и економски реформи, ветува идниот евро-министер. Кога ќе биде поднесено официјално барање се уште не е решено, но во наредната недела новиот претседател ќе го објасни курсот пред Европскиот парламент, кој пред една недела како прва институција на ЕУ се изјасни за европска перспектива на Украина. Покрај ЕУ, Украина гледа и кон НАТО. Имаме две опции, вели Рибачук. Или Запад, или Русија. Ние јасно се определивме за Европа. Тој не верува дека рускиот претседател Владимир Путин може да го наруши тој курс. Украинскиот претседател Јушченко со него ќе се сретне во Москва в понеделник:

“Главната цела на посетата не е да се потпише договор или да се испие што повеќе вотка, туку повторно да се воспоставт односите“.

Обајцата претседатели се прагматични политичари од првата постсоветска генерација, и затоа сега е важно на луѓето во Украина да им се обајсни зошто владата се стреми кон ЕУ и НАТО и зошто мора да спроведе реформи во политиката, судството и економијата. Зашто мнозинството Украинци, вели Рибачук, се уште немаат поим за што станува збор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми