1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Украина ја чекаат „исклучително тешки“ недели

ЕМФ | агенции
28 април 2022

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников проценува дека неделите што доаѓаат ќе бидат „исклучително тешки“ за земјата.

Deutschland | Konferenz zum Ukraine-Krieg in Ramstein
Олексиј Резников, министер за одбрана на УкраинаФотографија: Kai Pfaffenbach/REUTERS

Проценката на украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников дека неделите што доаѓаат ќе бидат „исклучително тешки“ за Украина се заснова на фактот што, според него, за обука на украинските сили и логистика е потребно време, а „Русија веќе ги има собрано своите борбени сили за голема офанзива во источна Украина“.

Поддршката за Украина се зголемува, но Киев во наредните денови ќе мора да ја докаже својата отпорност и обединетост, напиша Резников на Фејсбук. Според него, Русија нема да победи, но ќе се обиде „да ѝ нанесе најголема можна штета“ на Украина.

„За жал, ќе губиме уште припадници на нашите воени сили пред да постигнеме победа. Ќе има уште уништување и болни загуби“, напиша министерот за одбрана на Украина.

Руски игумен помага на Украинци

02:25

This browser does not support the video element.

Путин се заканува со брзи противудари

Рускиот претседател Владимир Путин вчера (27.04) ги предупреди поддржувачите на Украина дека ќе се соочат со брзи противудари доколку се обидат да помагаат. Секоја земја која сака да се вмеша однадвор, ќе добие „молскавично брз“ одговор, рече Путин на средба на врвни руски функционери во Санкт Петербург.

- повеќе: Фотографија на денот: Отстранет споменикот на украинско-руското пријателство во Киев

„Ги имаме сите инструменти за таа цел. Нема да се фалиме. Ќе ги примениме ако е неопходно и сакам тоа да го знаат сите“, предупреди рускиот претседател, додавајќи дека неопходните одлуки биле веќе донесени.

- повеќе: Република Молдавија во визирот на Русија

Путин за западните санкции против Русија оцени дека се неуспешни и нагласи дека „воената специјална операција“ во Украина и Донбас, како што тој ја нарече војната, ќе ги постигнела сите зацртани цели.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми