1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украинските војници ја напуштија базата во Севастопол

БГ/дпа/миа19 март 2014

Украинските војници кои се забарикадираа во централата на поморските воени сили во Севастопол, претпладнево ја напуштија базата. Украински министри на пат кон Крим. Воени вежби во Црното Море.

Фотографија: Reuters

Украинските војници кои се обидуваа без оружје да го одбранат седиштето на поморската команда во Севастопол, ја напуштија базата. Околу 200 проруски активисти припадници на кримските единици за самоодбрана, претходно ја нападнаа базата на украинската морнарица во Севастопол, но во акцијата не е испукан ниту еден куршум.

Агенциите јавуваат дека дел од украинските војници со солзи во очите ја напуштале базата. Над зградата сега се вее руското знаме.

Премиерот на Крим, Сергеј Аксионов најави дека нема да им дозволи влез на територијата на украинскиот министер за одбрана Игор Тенјук и вицепремиерот Витали Јарема. Двајцата утрово беа испратени на Крим од украинскиот премиер Арсениј Јацењук со задача да се обидат да ги намалат тензиите во автономната област. Аксионов соопшти дека тие не се добредојдени на Крим.

„Никој не ги очекува на Крим. Никој нема да им дозволи да влезат во Крим и ќе бидат испратени назад“, рече Аксионов.

Во водите на Црното Море денеска започнаа најавените воените вежби на морнариците на САД, Романија и Бугарија. Војската на САД ги опиша овие маневри како „рутински“, со напомена дека тие се планирани пред да почне кризата во Украина. „Постојат многу причини за одржување на вежбите со сојузниците. Тоа ни пружа прилика да ги увериме своите сојузници од НАТО дека ги поддржуваме, изјави портпаролот на американскат морнарица во Европа Шон Еклунд.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми