1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Улични протести против израелската операција во Газа

АТ/ афп3 август 2014

Вашингтон, Сантијаго де Чиле и Париз се градовите каде овојпат се одржаа најголемите демонстрации против израелската операција во Појасот Газа. Се слушнаа многу остри зборови, но немаше насилство.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Повеќе илјади луѓе вчера протестираа пред Белата куќа во Вашингтон против израелската воена операција во Појасот Газа. Многумина демонстранти вееа израелски знамиња и бараа крај на офанзивата во крајбрежната област на Блискиот Исток. На плакатите можеше да се прочита: „Крај со помошта на САД за еврејската држава“ или „Израел да се санкционира - една терористичка држава“. На еден транспарент израелскиот премиер се споредувал и со Хитлер.

Во близина на про-палестинските протести во Вашингтон демонстрираше и група ортодоксни Евреи, кои беа штитени од полицијата. Освен меѓусебните навреди немаше други инциденти на протестите.

Исто така и во главниот град на Чиле Сантијаго дојде до протести. Тука илјадници демонстранти ја повикаа претседателката Мишел Башле да го протера израелскиот амбасадор и да ги прекине дипломатските односи со Израел.

Во Франција демонстираа илјадници против изрелската воена операција. Истовремено на тапет се најде „срамното“ однесување на францсуката влада во конфликтот. Во Париз, Лион, Марсеј, Лил и други градови демонстрантите скандираа „Израел убијци“, држеа плакати во рацете со натпис „Ние сите сме Палестинци“. Нема информации дека на протестите дошло до насилни судири.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми