1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уметничкото наследство- извор на пари за ИД

Ј. Егерс/сн18 јануари 2016

Приходите на т.н. „Исламска држава“ во моментов се проценуваат на околу 2 милијарди евра годишно. Голем дел од тие пари доаѓаат од илегална продажба на украдени уметнички дела и артефакти, дури и на интернет.

Фотографија: Syrian Heritage Archive/Issam Ballouz

Приходите на т.н. „Исламска држава“ во моментов се проценуваат на околу 2 милијарди евра годишно. Голем дел од тие пари доаѓаат од илегална продажба на украдени уметнички дела и артефакти. Предметите на продажба се нудат дури и на интернет.

Античка уметност од Блискиот Исток , од денешен Ирак и Сирија, е изложена во познатиот Пергамски музеј во Берлин. Ова е сигурно место за артефактите- додека истовремено музеите во земјите на потекло на уметничките дела веќе со години се ограбуваат. И скапоцените предмети се наоѓаат во рацете на т.н. „Исламска држава“.

Украдените предмети се нудат на пример и на интернет. Таму ги открија соработниците на Архивот за сириското културно наследство во Берлин. Тука археолозите, историчарите на уметност го класифицираат она што е уште останато од сириската уметност - по 4 години граѓанска војна. Веќе дигитализираа 15.000 предмети. Истражуваат и на интернет кои се’ предмети се нудат на продажба.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Финансирање на тероризмот со грабеж на уметнички дела

02:27

This browser does not support the video element.

„Проблем е тоа што кај поголемиот број предмети не е наведено вистинското потекло, туку често се вели дека работите се од Месопотамија, или од Левант, тоа се поими кои секако постојат, но не се совпаѓаат со денешните држави., вели Карен Пит од Архивот за сириско културно наследство, веднаш одговарајќи и на прашањето: каде ги пронаоѓаат тие работи?

„Се наоѓаат во разни аукциски куќи или галерии. Или едноставно на Ибеј. На таа интернет платформа се тргува релативно многу.“

Доколку најдат некои особено впечатливи, скапи артефакти, веднаш се јавуваат во Сојузната канцеларија за борба против криминал. И соработуваат со стручњаци од Сирија. Луѓе како Мохамед Сбех, експерт за антички мозаици. Тој до пред неколку месеци работеше во музејот Маарат ан-Нуман во Сирија, заедно со пријателите се бореше против организирани кражби од страна на терористите.

„Ние сме археолози, историчари на уметност, студенти. Ги штитиме уметничките дела иако и нам ни се закануваат. И иако речиси и да немаме веќе никави приходи“, вели Сбех.

Пред три месеци тој избега од Сирија, во Берлин наскоро ќе ги води посетите во музејот за арапските посетители. Но, се’ додека во Европа има луѓе кои купуваат уметнички дела од Исламска држава, терористите ќе продолжат да го ограбуваат уметничкото наследство во Сирија и Ирак.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми