Уметноста внесува живот во италијанско село
23 јули 2015Нема работа, нема перспектива, слаба сообраќајна поврзаност- многу причини зошто голем број луѓе ги напуштаат селата во Италија, и не само во Италија. Но, жителите на едно мало италијанско село се решија да преземат нешто во врска со тоа.
За жителите на селото Сивита Кампомарано една ѕидна слика е повеќе од убава . Таа и слични вакви илустрации би требало да донесат нов живот во тесните улици.
Погледајте го видео- прилогот на оваа тема:
Тука речиси и да нема работа, од 50-тите години луѓето постојано се иселуваат, останаа само уште околу 300 жители. Уметничките дела сега би требало да привлечат туристи.
„На пролет планираме фестивал со уште повеќе уметници во Сивита Кампомарано.“, вели Паоло Мануеле , началник на Сивита Кампомарано.
Уметничката Алис Паскуини ја пронајде својата инспирација.
„Настојувам да го почувствувам духот на селото, да се соживеам во моментите на живот.“, вели уметничката Паскуини.
Некои дела се инспирирани од историјата на селото. Малиот уметнички проект тукушто започна. Но, жителите се надеваат дека тој долгорочно ќе го разбуди селото од сон.