Ноќна прослава во живописни бои. Берлин е домаќин на два фестивали на светлина. Според проценките, секоја година „Фестивалот на светлината“ и „Берлин Илуминејтед“ привлекуваат околу 2 милиони посетители.
Реклама
Играта на светлото
00:59
Од Столбот на победата, преку улицата на Липите до катедралата, Берлин деновиве привлекува со нова, светлечка магија. Фестивалот на светлината трае до претстојниот викенд.
Викторија, божицата на победата, со својата грандиозност доминира над плоштадот „Голема ѕвезда“ во областа „Тиергартен“ во Берлин. Жителите на Берлин ја нарекуваат „Голделзе“ што во превод значи „златната Лизи“. Столбот на победата е еден од најпрепознатливите симболи на Берлин.
Доколку по „Улицата под липите“ патувате со велосипедска рикша, сигурно ќе бидете изненадени од глетката кон поранешната палата на принцот Хенри од Прусија и нејзината светкава фасада.
Концертната сала која е изградена во класичен стил, и нејзините препознатливи фонтани се претворени во сјајни сафири, а главниот плоштад на кој се наоѓаат е претворен во светлосна оаза на нивниот отсјај.
Мостот Обербаум се протега над реката Шпре и поврзува две области во Берлин, Кројцберг и Фридрихшајн. За време на фестивалите на светлината туристите имаат можност за ноќно крстарење со брод.
Уметност од светла
Ноќна прослава во живописни бои. Во моментов, Берлин е домаќин на два фестивали на светлина. Според проценките, секоја година „Фестивалот на светлината“ и „Берлин Илуминејтед“ привлекуваат околу 2 милиони посетители.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken
Столбот на победата
Викторија, божицата на победата, со својата грандиозност доминира над плоштадот „Голема ѕвезда“ во областа „Тиергартен“ во Берлин. Жителите на Берлин ја нарекуваат „Голделзе“ што во превод значи „златната Лизи“. Столбот на победата е еден од најпрепознатливите симболи на Берлин.
Фотографија: E. Verworner
Универзитет Хумболт
Доколку по „Улицата под липите“ патувате со велосипедска рикша, сигурно ќе бидете изненадени од глетката кон поранешната палата на принцот Хајнрих од Прусија и нејзината светкава фасада.
Фотографија: picture alliance/Photoshot/S. Yuqi
Концертхус- концертната сала
Оваа структура, која е изградена во класичен стил, и нејзините препознатливи фонтани се претворени во сјајни сафири, а главниот плоштад на кој се наоѓаат е претворен во светлосна оаза на нивниот отсјај.
Фотографија: E. Verworner
Плоштадот Жендарменмаркт
Со оваа проекција, салата за концерти „Концертхаус“ на плоштадот Жендарменмаркт, дизајнирана од познатиот архитект Карл Фридрих Шинкед, можете да ја видите во сосема ново светло. Осветлен е и споменикот на познатиот поет, историчар и филозоф Фридрих Шилер кој се наоѓа во близина.
Фотографија: picture-alliance/abaca/M. Gambarini
Мостот Обербаум
Овој мост се протега над реката Шпре и поврзува две области во Берлин, Кројцберг и Фридрихшајн. За време на фестивалите на светлината туристите имаат можност за ноќно крстарење со брод.
Фотографија: E. Verworner
Старата Градска куќа
Импозантната структура е лоцирана во близина на новата зграда на градската администрација. За време на фестивалите на светлина, вибрантните бои ја оживуваат, инаку, сивата зграда.
Фотографија: picture alliance/dpa/P. Zinken
Берлинска катедрала
Ноќта на 16 октомври, најголемата катедрала во главниот град на Германија ќе изгледа вака.